За ВМРО бројките покажуваат: Намалувањето на невработеноста е последица на масовното иселување

t

Најновите податоци од Анкетата на работна сила на Државниот завод за статистика кои се заклучно со последниот квартал на 2021 година покажуваат на исклучително негативни движења на пазарот на труд од почетокот на кризата со КОВИД-19. Тврдењата на Владата дека се намалува стапката на невработеност заради успешните политики е изместена вистина или пак чисто непознавање на состојбите на пазарот на труд. Стапката на невработеностсе намалува зошто невработените се префрлаат во неактивни, односно стануваат демотивирани да бараат работа, се иселуваат или пак некои од нив го загубија својот живот заради пандемијата со КОВИД-19, напоменуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

За прв пат во историјата имаме намалување на работоспособното население (лица на возраст од 15 до 79 години), што покажува дека ИСЧЕЗНУВАМЕ КАКО НАЦИЈА. Данокот од 9.075 починати лица заради неуспешното справување на здравствените властисо пандемијата, паралелно со повеќегодишниот тренд на иселување од државата, особено на младите и соопаѓачката стапка на наталитет за коишто ништо не направи оваа Влада, се рефлектирааза прв пат во намалување на вкупното работоспособно население за 3.373 лица од првиот квартал на 2020 година до последниот квартал на 2021 година.


Притоа, од почетокот на пандемијата имаме значајно намалување на активното население (збир од вработени и невработени лица), но затоа бројот на неактивните лица значајно се зголемува. Активното население се намалува за 30.251 лица, при намалување на бројот на вработените за 15.830 и на невработенитеза 14.421. Остатокот од вкупното работоспособно население се неактивните лица чиј број е зголем за 26.878, што покажува дека лицата кои останале без работа и кои биле невработени и пред кризата, сите се префрлаат во неактивни односно не бараат работа. Затоа стапката на активност од 57,4% во првиот квартал на 2020 година се сведе на 55,7% во последниот квартал на 2021 година, додека стапката на невработеност од 16,2% на 15,2%.

Стапката на невработеност е сооднос помеѓу невработените и активното население. Бројот на невработени во првиот квартал на 2020 година изнесувал 156,627, додека во последниот квартал на 2021 година 142.206, што е намалување за 9,2%. Бројот на активни лица за овој период од 967,733 се свел на 937.482 лица, што е намалување за 3,1%. Поинтензивиот пад на бројот на невработени од бројот на активно население ја прави стапката на невработеност да се намалува. Но, тоа е само пресметка, а каква е суштината. Дали намалувањето на невработените е зошто истите нашле работа? Не.

Во услови кога БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИ СЕ НАМАЛУВА, намалувањето кајневработените НЕ е зошто истите наоѓаат работа и се вработуваат, туку заради тоа што се префрлаат во неактивнит.естануваат демотивирани да бараат работа (надвор од пресметката на стапката на невработеност), се иселуваат или го загубија својот живот заради пандемијата со ковид-19. Каде гледа Владата успешни политики?

Но, уште повеќе загрижува фактот што намалувањето на вработените е исклучиво во приватниот сектор, каде бројот е намален за 27.996 лица, додека бројот на вработени во субјекти со друга сопственост е зголемен 12.166 лица. Според ДЗС во друга сопственост влегуваат:мешовита, задружна и државна сопственост. Првите два облика на сопственост се малку застапени во нашата држава, што значи дека промените во друга сопственост во најголем дел се рефлексија на движењата на вработените во јавниот сектор. Така, бројот на вработени во јавна управа и одбрана од почетокот на пандемијата е зголемен за 8.093 лица, во здравствена и социјална заштита за 4.856 лица и во дејноста снабдување со вода, отстранување на отпадни води за 3.908 лица. Намалување на бројот на вработени има во државното образование за 803 лица и во дејноста снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.736 лица. Ако се соберат сите овие дејности кои во најголем дел се во јавен сектор, тогаш од почетокот на кризата со ковид-19 до крајот на 2021 година вработените во јавниот сектор се зголемиле за околу 14.300 лица.Наспроти заложбата да се отвараат работни места во приватниот сектор, Влада интензивно запослува во јавниот сектор. Економските последици од владеењето на оваа Влада скапо нѐ чинат, а ќе ги чуствуваат и идните генерации!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Коњ се појави на тераса во…

Необичен настан се случи вечерва во скопско…

Богојески: Бугарите лажат дека ги нашле моштите…

Петар Богојески укажува на ситуацијата во Бугарија деновиве,…

Најава за нова војна: Руски сенатор вели…

Руски сенатор: Темата за денацификација на Европа…

Охриѓанка заврши во болница откако падна од…

На 21.05.2022 околу 13.20 часот во СВР…

“Шел” ги затвара сите бензински пумпи во…

"Шел" го напушта рускиот пазар! Британската нафтена…