За вработените во образование утврдена минимална плата ПОНИСКА од минималната!

t

По неколку „tet-a-tet“ средби на претседателот на СОНК, Јаким Неделков, со ресорната Министерка за образование, Весна Јаневска, двајцата ставија потпис на „историски“ документ: спогодба за платите во образование. Спогодбата ја игнорира најниската плата во државата која за сите, освен за вработените во образование е 22.567 денара, велат од политичката партија Левица.

– За вработените во образование по волја на Неделков и Јаневска, таа изнесува 20.245 денари, и тоа истата ќе биде пресметувана како бруто износ! Во пракса ова значи дека редица коефициенти за степен на сложеност во образование ќе се изедначат со тој од минималната плата, а наставниците ќе добијат 0,7%, односно околу 200 денара повеќе. Но, затоа пак директорите ќе имаат до 45% покачување!

-Овде, кај ова беззаконие и измама завршуваат сите приказни за заложбите на ВМРО- ДПМНЕ да го унапреди образованието. Образованието не се унапредува со уназадување на социјалната положба на просветните работници!

Не во празните зборови, туку низ буџетските ставки се гледа кои се вистинските приоритети и за што се залага оваа власт: 35 милиони евра за трет универзитет на албански јазик, наспроти минимална плата пониска од со закон утврдената за наставниците и учителите се јасен показател каде плови бродот на чие кормило е Мицковски.

Наставниците сè погласно најавуваат дека ќе одржат показна вежба колку е 0,7% наспроти 78% за колку што се зголемени платите на функционерите во државава.

Левица секогаш застанува на страната на послабите, така што и сега ги поддржува наставниците во нивната борба.

За да имаме квалитетно образование и образовани ученици, треба да имаме и мотивирани наставници. Професорите не треба да бидат вака девалвирани, туку финансиски мотивирани.

Не смее да продолжи да се кине таму што е тенко, туку напротив – наместо да се даваат средства за мегаломански објекти и за мегаломански плати за функционерите, треба да се зајакнат платите на просветните работници, чија работа е основа за образована младина. – соопштија од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…

ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…

Левица: Директорот на Детската клиника и неговиот…

Левица бара од министерот за здравство, Арбен…

Левица: Усје нѐ труе, Меџити се чешла

Усје нѐ труе, Меџити се чешла, велат…

Левица: Слободата на Груби е колективен договор…

Слободата на Груби е колективен договор на…

Левица: ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира…

ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира отпад…