ЗА ДУИ НЕМА СЕМАФОРИ: Возачот на Бектеши и Бесими поминал на црвен семафор, удрил две возила кои тргнале на зелено

Синоќешната сообраќајна незгода пред Владата според неофицијални информации од очевидци, ја предизвикал возачот Ј.Б., кој во владината „шкода“ во тој момент ги возел вицепремиерот Фатмир Бесими и министерот Крешник Бектеши. Според сведочењето на соговорниците, до незгодата дошло во моментот кога возила „киа“ и „фиат“, паралелно од двете ленти на „Илинденска“, тргнале на вклучено зелено светло на семафорот, во правец кон Центар. Само што тргнале, службена „шкода“ поминала на црвен семафор и од десната страна удрила во двете прописно тргнати возила, пренесува СДК.мк.
„Шкодата“ во која се возеле Бесими и Бектеши, доаѓала од булеварот „Свети Климент Охридски“, се движела кон Владата, т.е. кон владините гаражи. Во тоа време беа закажани состаноците на Економско социјалниот совет и преговорите со Синдикатот за покачување на минималната плата.
Возачот кој им го пресекол патот и ги удрил двете прописно тргнати коли, полесно е повреден и однесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. И возачите на двете други возила поминале со полесни повреди.
МВР освен потврда за настанот и известување за општо познатите работи: час, време, марка на трите автомобила и иницијали на возачите, нема сè уште детали како се случила сообраќајката, додава порталот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОЧНУВА СЕЗОНАТА НА ЗАТНАТИ НОСОВИ; Галеника со…
Непријатното чувство од затнат нос влијае на…
Пендаровски: Најитната задача на Советот за безбедност…
Најитната задача на Советот за безбедност е…
(Видео) Голема полициска акција на Скопска Црна…
Во голема полициска акција на Скопска Црна…
ХРВАТСКА ОТКРИ ОТРОВНИ ПИПЕРКИ ОД МАКЕДОНИЈА: Увезениот…
Забранетиот токсичен пестицид форметанат е откриен во…
Ескобар: Косово треба да го промени пристапот…
Време е за нов пристап на партнерите…