За една недела констатирани 4.991 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“
Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 4991 прекршок, од кои 641 мерка за сторен прекршок од страна на возачи кои управувале возило со странски регистарски ознаки.
Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 4674, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 163, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 154 прекршоци.
Исто така, изречени се вкупно 288 мерки „забрана за управување со возило“, од кои 163 се за „минување на црвено светло“, а 125 се за „брзо возење“.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 22.434 возила.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За една недела констатирани 4.991 сообраќајни прекршоци…
Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од…
Вчера регистрирани 650 прекршоци преку „Безбеден град“
Во текот на вчерашниот ден (03.02.2026) преку…
Вчера регистрирани 651 прекршоци преку „Безбеден град“,…
Во текот на вчерашниот ден (02.02.2026) преку…
МВР: Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци
Во периодот од 01.01.2026-31.01.2026 како резултат на…
Еве колку ќе чини секој прекршок регистриран…
Откако вчера во Собранието беа изгласани измените…