За пет часа казнети се 178 возачи на мотоцикли и електрични тротинети
Во текот на вчерашниот ден во периодот од 17.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли и електрични тротинети, при што санкционирани се 178 возачи.
Од нив, 156 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 13 возачи се лишени од слобода поради сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, сите возеле без возачка дозвола, а пет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава.
Санкционирани се 11 возачи на електричен тротинет, од кои пет поради неносење на рефлектирачки елек при управувањето за време на намалена видливост по член 103-г.
За време на контролата санкционирани се и 130 други видови на сообраќајни прекршоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За пет часа казнети се 178 возачи…
Во текот на вчерашниот ден во периодот…
Туск со порака до Полјаците: „Престанете! Нападите…
Полскиот премиер Доналд Туск апелираше да прекинат…
Општина Кисела Вода субвенционира набавка на пелети…
Општина Кисела Вода објави два јавни повика…
Финска затвори дел од својот воздушен простор…
Финската војска денеска објави дека затворила дел…
Се демонтираат две мали хидроцентрали на Шар…
Во координација со надлежните државни институции почна…