За 24 часа осум пријави за семејно насилство
За еден ден во полиција се пријавени осум случаи на семејно насилство, пришто четворица од насилниците веќе се приведени.
Вчера во Скопје е уапсен 34-годишен граѓанин по пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба во периодот од 2024 година до 18 април честопати упатувал закани кон неговиот 62-годишен татко, постојано му вршел психичко и физичко малтретирање, а неколкупати замавнувал ѝ со остар предмет кон него.
Жена од скопско пријавила дека во периодот од март 2025 година до вчера, нејзиниот поранешен сопруг П.Г. преку социјална мрежа ѝ упатувал заканувачки пораки и неа и нанејзиното семејство. Според пријавеното, тој претходно ја малтретирал и психички и физички.
Педесетгодишна жена од скопско пријавила дека околу 04:30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Петровец била физички нападната од нејзиниот сопруг И.Б.(56), кој притоа ѝ упатувал закани, оштетил дел од покуќнината и ја избркал од домот. Таа, како што е наведено во полицискиот билтен, и претходно била психички и физички малтретирана од нејзиниот сопруг, но досега не пријавувала. Подоцна, полициски службеници извршиле службен разговор со пријавениот.
На 18.04.2026 во 02:15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Б.М.(37) од охридско. Претходниот ден околу 21:00 часот во семејниот дом тој физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга, а подоцна со остар предмет ѝ се заканувал нејзе и на нивните пријатели Д.П. и К.К.. Против него е поднесена кривична пријава, а судија на претходна постапка му определи мерка притвор во траење од осум дена, посочуваат од МВР.
Уште едно семејсно насилство е пријавено во СВР Охрид, но овој пат од жена. Полициски службеници извршиле службен разговор со З.С.(48) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека на 16 април се заканувала на нејзиниот 47-годишен сопруг, а два дена подоцна физички го нападнала на неговото работно место.
Жител на Дебар пак, пријавил дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговиот син Џ.Н.(21), лице со здравствени проблеми, кој подоцна е пренесен здравствена установа.
На 18.04.2026 во 20:15 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Т.Д.(52) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во неколку наврати во текот на денот се јавувал на неговата 48-годишна сопруга и ја вознемирувал неа и нејзината мајка и покрај тоа што од Основен суд Кичево имал забрана да ги контактира двете, наведуваат од МВР.
Вчера попладне полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Е.М.(41) од гостиварско село, постапувајќи по претходна пријава дека преку телефонски повици и социјални мрежи упатувал закани на неговата поранешна 35-годишна партнерка. Истовремено, неговата сопруга А.М.(40) пријавила дека поранешната партнерка на нејзиниот сопруг на социјална мрежа објавувала содржини со кои ги злоупотребила нејзините лични податоци и упатувала навреди кон нејзиното семејство.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За 8 март дури осум пријави за…
На 08.03.2026 во 23:00 часот во Скопје,…
Лишен од слобода насилник кој ја нападнал…
Лишен од слобода насилник од охридско, во…
Судска постапка за пет деца за ужасното…
Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за…
Го натепале затоа што им рекол дека…
МВР го потврди настанот со претепаното лице…
Агресивен зет со тврд и остар предмет…
Синоќа во Штип, полициски службеници го привеле…