Збогум за казината во близина на училиштата: Собранието даде зелено светло за новите правила

t

Собранието даде поддршка за предлог-законот за игрите на среќа, со кој се предвидуваат построги правила за работењето на казината, обложувалниците и другите приредувачи на игри на среќа. Законот доби зелено светло со 59 гласа „за“ и 9 гласа „против“.

Една од клучните измени е воведувањето забрана казина и објекти за игри на среќа да се наоѓаат на растојание помало од 500 метри од училиштата. Дополнително, се предвидува забрана за рекламирање на излозите на коцкарниците, како и забрана за реклами со кои коцкањето се претставува како начин за личен успех или брза заработка.

Со законските измени секој апарат ќе мора да има задолжителен систем за локација, односно GPS, со цел тековна контрола од страна на Управата за јавни приходи. Исто така, лиценците нема да можат да се мултиплицираат, а се воведуваат и нови финансиски давачки за отворање на уплатно-исплатни места.

Предлог-законот предвидува и зголемување на износите на банкарските гаранции, како и имплементација на препораката MONEYVAL на Советот на Европа, како дел од стандардите за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Со овие измени, според предлагачите, треба да се обезбеди поголема контрола врз секторот, намалување на ризиците од злоупотреби и поголема заштита на младите од влијанието на игрите на среќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Збогум за казината во близина на училиштата:…

Собранието даде поддршка за предлог-законот за игрите…

Трамп: Ги откажувам нападите врз Иран, постигнавме…

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Truth…

Повторно се активира пожарот кај Кадидере, горат…

Денеска во попладневните часови на бројот 112…

Светска банка: Глобалниот раст ќе биде најслаб…

Светската банка очекува глобалната економија годинава да…

Трет месец по ред САД се најголем…

Соединетите Американски Држави и во мај ја…