Зголемување на минималната плата ставена на дневен ред во собранието – Ќе ја подржат ли големите партии?

За 10 февруари е закажана собраниска седница на која на дневен ред се ставени и измените на Законот за минимална плата поднесени од Димитар Апасиев и од Борислав Крмов од Левица. Во измените се предлага измена на членот 4 од сегашниот Закон за минимална плата, односно се предлага тој да гласи:
„(1) Висината на минималната плата не може да биде пониска од 60% од просечната исплатена нето-плата по вработен во последните три објавени месеци, согласно со податоците објавени од Државниот завод за статистика.
(2) Министерот за труд и социјална политика најдоцна до дваесеттиот ден во месецот, по претходно мислење од Економско-социјалниот совет, ја објавува висината на минималната плата за наредниот месец во бруто износ усогласена согласно ставот (1) на овој член, во “Службен весник на Република Македонија“.
На иста линија е и предлогот на Сојузот на синдикати на Македонија, а Левица веќе се изјасни дека го поддржува .
Сепак, каква ќе биде висината на минималната плата, односно дали ќе има законски измени и какви ќе бидат, ќе зависи од денешниот Економско-социјален совет на кој ќе ги спротивстават ставовите на работодавачите, синдикатот и Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Апасиев: Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите…
Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите млади…
Собранието утре избира нов министер за здравство
Собранието утре во рамки на 54. седница…