Здружението на новинарите на Македонија денеска избира нов претседател
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска ќе одржи редовно годишно изборно собрание на кое ќе се избираат нов претседател, како и членови на Управниот одбор, надзорниот одбор и на Судот на честа.
Покрај актуелниот претседател Младен Чадиковски, кандидатури за позицијата поднесоа и Марјан Николовски и Фиљана Кока.
За позициите во органите во ЗНМ вкупно има 47 кандидатури, од кои три за претседател на Здружението, 24 за членови во Управниот одбор, девет за членови во Надзорниот одбор и 11 за членови во Советот на честа.
ЗНМ е здружение на професионални новинари основано на 17 февруари 1946 година во Скопје. Toa e независно, самостојно, невладино и непартиско здружение, чија цел е да биде промотор и заштитник на професионалните стандарди и на слободата на изразување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопје домаќин на лидерска средба ЕУ –…
Во понеделник и вторник, Скопје ќе биде…
ОЈО Битола со наредба за истрага –…
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за…
Невремето откорна тенда од ресторан во Тетово,…
Вчера во 16 часот во СВР Тетово,…
Трамп: Ќе го решам конфликтот со Северна…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа во…
И денес „Марш за ангелите“ во Кочани…
Семејствата на починатите во трагичниот пожар во…