Здpaвство: Како расте бројот на зapaзени, така паѓа интересот за вakцинација

t

Кривата бележи по околу 2000 заразени на ден, а пунктовите за вакцинација се речиси празни.

Во пунктот во поликлиниката во Ѓорче Петров не пресретнавме граѓани кои за првпат се вакцинираат, а за втора и трета доза на половина час доаѓаа само по еден до двајца.

Ниту високиот број на дневно заразени не ги премислува дел од граѓаните. Само во еден пункт по дваесетина граѓани доаѓаат за прва доза.

Сепак, повозрасни граѓани кои пред шест месеци примиле втора доза, сега примат и трета „бустер“ доза, а велат и ако треба ќе дојдат и за четврта. Нив ги плаши големиот број на заразени.

Од пунктот велат дека една од причините зошто дел од граѓаните се уште не сакаат да примат вакцина може да се бара и во тоа што е намалена ефективноста во однос на заразување, но потенцираат дека штити од тешка форма на КОВИД 19.

Вакцини „Фајзер“

312.390 дози со рок 02.2022

113.490 дози со рок 06.2022

63.180 дози со рок 07.2022

Извор Министерство за здравство

На залиха во моментов имаме околу 490.000 „фајзер“ вакцини, велат од Министерството за здравство. Сепак на поголем дел од нив, односно на околу 312.000 вакцини, рокот им истекува за десетина дена, па од здравство велат дека ќе бидат уништени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денков се правда: Бугарските ракети во Украина…

Бугарскиот премиер, Николај Денков, се правда за…

Кил се измачи за да ги освои…

Македонскиот шампион, Еурофарм Пелистер го одигра најдобриот…

СЗО загрижена: Голем пораст на новозаразени од…

Светската здравствена организација (СЗО) е загрижена поради…

Шокантно тврдење на косовскиот МВР: Еден од…

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ…

УРНЕБЕСНО ВИДЕО: Што се случуваше на шести…

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, на Фејсбук…