Зеленски во Париз на клучна средба со Макрон за планот за запирање на војната во Украина

t

Претседателите на Франција и Украина, Емануел Макрон и Володимир Зеленски, денес во Париз разговараат за американскиот план за ставање крај на војната во Украина, објави францускиот весник Монд.

Од Елисејската палата соопштија дека двајцата лидери прво ќе одржат работен ручек, по што ќе следи средба лице в лице и заедничка прес-конференција.

Ова е десетта посета на Зеленски на Париз од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година. Средбата се одржува еден ден по разговорите меѓу делегациите на САД и Украина на Флорида и во пресрет на посетата на американскиот пратеник Стив Виткоф на Москва, каде утре треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Во изминатиот викенд Русија истрела ракети кон Киев, при што загинаа неколку лица, а десетици беа ранети. Украина, пак, ја презеде одговорноста за нападите со дронови врз танкери од таканаречената „фантомска флота“, која Русија ја користи за заобиколување на санкциите за извоз на сурова нафта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски во Париз на клучна средба со…

Претседателите на Франција и Украина, Емануел Макрон…

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго…

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго…

Трамп до Мадуро: Мора да ја напуштите…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, наводно му…

Холандија вети 250 милиони евра за купување…

Холандија ќе инвестира дополнителни 250 милиони евра…

Калас: Се плашам дека се врши притисок…

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи…