Зеленски: Време е да разговараме за завршување на вojнaтa во Дoнбac
Време е за конкретен договор за ставање крај на конфликтот во Донбас, изјави претседателот на Украина, Владимир Зеленски.
„Време е да се направи конкретен договор за завршување на конфликтот. Подготвени сме само за неопходните одлуки за време на новиот самит на лидерите на четирите земји“, рече во таа прилика Зеленски. – Пренеусва Спутник рс.
Зеленски денеска во Киев имаше средба со советниците на лидерите на Франција и Германија.
Зеленски, како што соопшти прес-службата, ги поздрави напорите што партнерите на Украина во „нормандскиот формат“ продолжуваат да ги преземаат за практична реализација на договорот постигнат од лидерите на самитот во Париз на „нормандската четворка“ во декември 2019 година.
Да потсетиме, повеќе од 13.000 луѓе загинаа во конфликтот во источна Украина, кој трае повеќе од седум години. Начините за решавање на кризата се бараат во рамките на „нормандската четворка“ – група лидери од Русија, Украина, Германија и Франција. Се уште е неизвесно кога следната средба ќе биде во ваков формат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Групата за одбрана на Украина ќе се…
Следниот самит на групата за одбрана на…
Украинската армија изврши ракетен напад врз селото…
Украинските сили денеска извршија ракетен напад врз…
Зеленски реагираше на потегот на Русија: „Еден…
Кога на Путин му беше доделено руското…
Специјален руски лет до Вашингтон
Специјалниот авион Ил-96 тргна од Москва во…
Од денеска само Србија, Унгарија и Турција…
Русија запре со испораките на гас во…