Објавено на:

Зеленски: Сега одлуката на партнерите за испорака на ракети и санкциите против Русија е од клучно значење

t

Тој додаде дека САД знаат што ѝ е потребно на Украина, како што знаат и во Европа, а тоа се антибалистички ракети кои треба да ги штитат луѓето, а не да се складираат во магацини.

Одлуката на партнерите за испорака на антибалистички ракети во Украина и воведувањето санкции против Руската Федерација сега е од клучно значење, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски .

„Секако, гледаме како секој лидер и секоја земја реагира на руските напади врз Украина. Но, единствената силна реакција што навистина ја постигнува целта и им помага на луѓето е дополнителна поддршка за нас во Украина, нашиот народ и нашата земја. Постојат ракети за системите „Патриот“ во светот и важно е партнерите да донесат таа политичка одлука за да ги испорачаат потребните пакети“, изјави Зеленски во своето вечерно видео обраќање.

Тој додаде дека Соединетите Американски Држави знаат што ѝ е потребно на Украина, како што знаат и во Европа, а тоа се антибалистички ракети кои треба да ги штитат луѓето, а не да се складираат во магацини.
„Сега и ние мора да одговориме со дополнителни и реални санкции. Секое правно и физичко лице кое им помага на компаниите во

Русија за производство на балистичко оружје, лансери, ракети или компоненти за снабдување и сè друго што ѝ е потребно, мора да биде под санкции“, рече тој.

Зеленски додаде дека сè уште има празнини во јурисдикциите на земјите од Г7 во оваа смисла и дека украинските дипломати мора да работат на тоа.

Како што изјави тој, кога станува збор за секторот за гориво, сè што моментално ѝ помага на Русија да ја обнови преработката на нафта мора да се запре.

„Ќе разговараме за ова и со украинските амбасадори бидејќи наскоро ќе се одржи глобален состанок. Потребни ни се вистински резултати во секоја област, оружје за Украина и санкции против Русија“, заклучи Зеленски.

Украинскиот лидер претходно изјави дека Руската Федерација би можела да го зголеми производството на балистички ракети поради недоволните санкции против руската воена индустрија, објави Укринформ.

Украина моментално има недостиг од ракети за системи за воздушна одбрана, особено за моделите PAC-2 и PAC-3, соопшти агенцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за…

Потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски денеска од…

73 годишен охриѓанец вперил пиштол кон скопјанец,…

Седумдесет и тригодишен жител на Охрид е…

Охриѓанец ја натепал сопругата среде продажен објект…

Охриѓанец (48) е приведен откако физички ја…

Енергетски аларм во Србија: хидроелектраните „Ѓердап 1“…

Министерката за рударство и енергетика на Србија,…