Објавено на:

Зеленски ја отвори душата: Ретко го гледам семејството! Моите деца знаат што се случува!

t

„Ретко го гледам семејство! Моите деца знаат што се случува!“, изјавил украинскиот претседатаел Володимир Зеленски.

„Моите деца секако знаат што се случува, а не знам дали е добро или лошо“, изјавил за Си-ен-ен.

Имено, веднаш по почетокот на руската офанзива, Зеленски изјави дека тој бил „мета број еден“, а неговото семејство „мета број два“. Иако многу држави му понудија да му помогнат да се евакуира, тој одби.

„Моите деца се многу горди на Украина. Тие веруваат во нашата победа, веруваат дека ќе победиме“, заклучи Зеленски и додаде дека не ги спречува неговите деца да ги следат вестите за војната.

Инаку, претседателот и неговата сопруга Олена ги имаат ќерката Александра (18) и синот Кирил (9). Претседателот неодамна изјави дека од почетокот на војната единственото нешто на кое може да се фокусира е работата и дека ретко го гледа семејството.

Зеленски и неговата сопруга се во брак од 2003 година, а почнале да се забавуваат на факултет. Заедно ја имаат продуцентската куќа Студио Квартал-95, која продуцираше филмови, телевизиски серии и организираше концерти.

Брачната двојка работеше заедно и на емисијата политичка сатира „Слуга на народот“, која му донесе победа на Владимир на изборите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија: Скопјанец пронајден мртов во стан

На 03.10.2022 во 23.08 часот во Полициска…

Рускиот Рибар: Украинците користат американска технологија, секоја…

Руски "Рибар" на Твитер детално ја објаснува…

Парно ќе има, грејната сезона почнува на…

АД ЕСМ и Адора постигнаа договор за…

Косово со закон ќе го забрани штрајкот…

Родителскиот совет на Косово повика денеска враќање…