Зеленски ѝ се обрати на нацијата: Денот на нaпадот на Украина ќе биде Ден на единството
Украинскиот претседател Владимир Зеленски потпиша указ за прогласување на 16 февруари за Ден на единството на Украина.
„Нè плашат со голема војна и повторно го одредуваат датумот на воената инвазија. Ова не е прв пат. Сепак, нашата држава денес е посилна од кога било“, рече Зеленски во своето обраќање до нацијата.
Како што наведе, Киев сака мир и сите патишта да се решаваат исклучиво преку преговори.
„И Донбас и Крим ќе се вратат во Украина исклучиво преку дипломатија. Ние не сакаме ништо туѓо, но не го даваме ниту своето. Имаме голема војска. Нашите момци имаат уникатно борбено искуство и модерно оружје. Ова е многу посилна армија од пред осум години“, истакна претседателот на Украина.
„Ни велат дека 16 февруари ќе биде денот на нападот. Ќе го направиме Ден на единството. Соодветниот декрет е веќе потпишан. На тој ден ќе ги обесиме нашите национални знамиња, ќе се украсиме со сини и жолти ленти и ќе го покажеме нашето единство на целиот свет“, заклучи Зеленски.
Да потсетиме, „Политико“ објави дека американскиот претседател Џозеф Бајден за време на видео-конференција, на која присуствуваа лидерите на неколку западни земји, рече дека Русија може да ја нападне Украина на 16 февруари.
Во последните месеци Западот интензивно ја обвинува Русија дека се подготвува за инвазија на Украина, поради што, како што велат, акумулирала воени сили на границата со Украина. Москва го негира тоа, нагласувајќи дека немаат намера да ја нападнат Украина и дека Западот тоа го користи за да ги доближи силите и опремата на НАТО уште поблиску до руските граници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Трамп номинираше противник на воената помош за…
Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…
Орбан: Мирот во Украина е „на дофат“,…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…
(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…
Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…