Земјотрес од 4.7 степени ја стресе Македонија – еве го епицентарот!

t

Денеска земјотрес со јачина од 4.7 степени според Рихтеровата скала ја потресе Грција, а потресот бил почувствуван и во јужните делови на Македонија, особено во Битола.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот бил близу Лерин (Флорина), на длабочина од околу 10 километри, само неколку километри од македонско-грчката граница.

Телеметриската мрежа на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје потврди дека потресот бил почувствуван во:

Битола и околината – IV степени според Европската макросеизмичка скала (ЕМС-98)
Гевгелија и Валандово – III-IV степени
Охрид, Струга и Ресен – III степени
Жителите на Битола јавуваат дека земјотресот траел неколку секунди, предизвикувајќи вознемиреност, особено кај оние кои живеат на повисоки катови.

Ова е потсетник дека македонско-грчкиот регион е сеизмички активен и дека е важно граѓаните да бидат подготвени за вакви настани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес од 4.7 степени ја стресе Македонија…

Денеска земјотрес со јачина од 4.7 степени…

(Видео) Телма:Солзи во очи, откако 100-тина вработени…

Наместо плати и регресот за годишен одмор,…

Иранците го исмеваат Трамп: „Додека ние градевме…

Голем број ирански дипломати денеска му се…

Изгубени зад непријателските линии: Иран објави слика…

Двајца американски пилоти се во бегство во…

Расипани сопирачки и претовар: МВР казни фирма…

Мобилната единица на МВР санкционираше правен субјект,…