Земјотрес со јачина од 4,8 степени го погоди Крит
Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на грчкиот остров Крит, половина час по полноќ, соопшти денеска Атинскиот геодинамички институт.
Досега нема извештаи за причинета материјална штета или за повредени лица во земјотресот, пренесува „Катимерини“
Епицентарот на земјотресот е регистриран во морето, на длабочина од 29,5 километри, во близина на западниот дел од Крит, во 00:33 часот по полноќ.
Крит е еден од деловите на Грција со најголем број регистрирани земјотреси и претставува едно од сеизмички најактивните подрачја во светот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес со јачина од 4,8 степени го…
Земјотрес со јачина од 4,8 степени според…
Уште еден земјотрес синоќа почувствуван во Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија,…
Земјотрес ја погоди Грција утрово
Земјотрес со магнитуда од 4,0 степени според…
Земјотрес со епицентар во Албанија, почувствуван во…
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија,…
Земјотрес во Грција, почувствуван во Прилеп и…
Земјотрес со јачина од 2.9 степени е…