Златото го престигна еврото како удел во девизните резерви на ЕЦБ

t

Златото го престигна еврото како удел во девизните резерви на централната банка, покажуваат податоците објавени денес од Европската централна банка (ЕЦБ). Како што е објавено, уделот на златото во девизните резерви на централната банка достигна 20 проценти на крајот од 2024 година, додека уделот на еврото падна на 16 проценти, а доларот ја задржа својата водечка позиција со удел од 46 проценти.

Оваа промена, потврдена во годишната анализа на меѓународната улога на еврото, доаѓа по повеќегодишен бран на купувања злато предводени од централните банки, објавува Блумберг. Од 2022 година, банките купуваат повеќе од 1.000 тони злато годишно – двојно повеќе од просекот од претходната деценија – доведувајќи ги резервите до нивоа последен пат видени во 1970-тите.

Банката вели дека најголемиот скок на побарувачката за злато е предизвикан по почетокот на војната во Украина, кога капиталот бил пренасочен од западниот финансиски систем кон „безбедни засолништа“ како златото, а растечките стапки на инфлација и стравот од нови санкции дополнително го поттикнале овој тренд. Особено изразено зголемување на уделот на златото во девизните резерви е забележано во земјите со поблиски геополитички врски со Кина и Русија, вели ЕЦБ.

Купувањето се интензивирало и покрај зголемувањето на глобалните каматни стапки, што е невообичаено за златото, кое не обезбедува принос, но во овој случај служело како заштита од системски ризици.

Цената на златото се дуплирала од крајот на 2022 година и сега е околу 3.380 долари за унца. Оваа рекордна вредност дополнително го зголеми номиналниот удел на златото во глобалните резерви, туркајќи го еврото надолу и сигнализирајќи промена во структурата на меѓународните финансиски текови, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Златото го престигна еврото како удел во…

Златото го престигна еврото како удел во…

Земјите од БРИКС поседуваат повеќе од 20…

Повеќе од 20 отсто од светските резерви…

ЗЛАТО, СРЕБРО И БРОНЗА ЗА МАКЕДОНКИТЕ: Илина…

Илина и Ева Соколовски го развејаа македонското…

Земјите складираат злато

Над 40 тони од благородниот метал беа…

Цената на златото достигна историски највисоко ниво

Цените се зголемуваат во услови на геополитички…