Златото руши рекорди, денес грам чини 147 евра
На глобалниот пазар на благородни метали денес златото продолжува да котира на високо ниво, што ја одразува зголемената побарувачка на инвеститорите во услови на неизвесни економски индикатори. Според најновите пазарни податоци, спот-цената на златото во Европa се движи околу 4.593 евра за унца (31,1 грам), со околу 147 евра за грам 24-каратно злато во најновите котации.
Златото по високи цени на светските берзи, ја задржува својата позиција како едно од најсигурните засолништа за капитал во услови на глобална економска неизвесност. Инвеститорите продолжуваат да вложуваат во благородниот метал поради инфлациските притисоци, геополитичките тензии и колебањата на валутните пазари. Економистите ја поврзуваат силната позиција на златото со потенцирани геополитички ризици и финансиската неизвесност на глобалните пазари, поради што инвеститорите бараат „безбедни“ средства како физичкото злато и благородните метали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена ограбила куќа во гостиварско, собрала злато…
МВР информира дека вчера во 10:00 часот…
Цената на златото руши рекорди
Четири децении, професионалните менаџери на пари можеа…
Земјите од БРИКС поседуваат повеќе од 20…
Повеќе од 20 отсто од светските резерви…
ЗЛАТО, СРЕБРО И БРОНЗА ЗА МАКЕДОНКИТЕ: Илина…
Илина и Ева Соколовски го развејаа македонското…
Земјите складираат злато
Над 40 тони од благородниот метал беа…