Значително постудено време денес: Очекувајте врнежи од дожд, а на планините од снег
Времето денеска ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Пообилни врнежи (над 20 л/м2) ќе има во јужните и источните делови. Кон крајот на денот врнежите од дожд ќе преминуваат во повремен снег и на некои повисоки места. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од четири до девет, а максималната ќе достигне од пет до 10 степени.
Во Скопје, облачно и значително постудено со врнежи од дожд и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до осум, а максималната ќе достигне девет степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. И во понеделник ќе се задржи значително постудено време со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината.
Од вторник наместа ќе има утрински температури под нулата, а дневните ќе бидат во постепен пораст.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
УХМР: Денес температури до 36 степени и…
Управата за хидрометеоролшки работи за денес прогнозира…
Лажниот мит за зголемување на БДП со…
Лажниот мит за зголемување на БДП со…
Конго и Руанда потпишаа мировен договор со…
Демократска Република Конго и Руанда денес потпишаа…
Видовдeн во Белград: Можеби сè, можеби ништо
Никој не знае точно што ќе се…
„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…
МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…