ЗНМ: Дефиницијата за навреда не смее да содржи „негативно мислење“

t

Во предлог законот за клевета и навреда, во моменталната верзија, во дефиницијата за навреда се вели дека ќе се одговара и за изразување на „негативно мислење“. Оваа дефиниција е нова и се разликува од постоечкиот закон, а на начинот на кој е дефинирана остава простор за погрешно толкување од страна на граѓанскиот суд на штета на слободата на изразување, ова денеска преку реакција го истакнуваат од Здружението на новинари на Македонија.

ЗНМ бара ова, во дефиницијата за навреда соодветно да се коригира на начин што ќе се врати старата дефиниција од законот од 2013 година која, во тоа време, беше позитивно оценета и од ОБСЕ и Советот на Европа.


„Иако во локалната судска пракса предметите кон медиумски работници се пред се за клевета и речиси да нема за навреда, ваквата дефиниција доколку не се измени може да поттикне во иднина бран на тужби кон новинарите само за искажано мислење што во основа е спротивно со начелата на слободата на изразување и правото на информирање на граѓаните.

Текстот на овој Предлог закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета е во фаза на прво читање во Собранието од јули 2021 година. Истиот текст предвидува значително намалување на нематеријалната штета за новинарите и медиумските работници како барање што ЗНМ претходно го имаше кон Министерството за правда“, стои во нивната реакција до јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Падна Лиман – упориштето на украинските…

Упориштето на Доњецк падна во рацете на…

Здравствени придобивки од пивото: 10 причини зошто…

Конечно и љубителите на пивото може да…

Осомничените за “Делчевски ниви” се во полициска…

Седумината осомничени за случајот ,,Делчевски ниви” се…

„Глаголицата и кирилицата низ призмата на богатото…

Во седмицата кога уште еднаш се одбележува…

Никогаш полесно – Еве како да излечите…

Многу луѓе во светот страдаат од габа…