Зоран Заев се уште не поднел тужба против пратеникот Бране Петрушевски, кој го обвини дека Заеви се вмешани во бизнисот со марихуана!

t

-Јавно барам извинување од пратеникот Петрушевски и од партијата ВМРО-ДПМНЕ за сите тие лаги, клевети и навреди, вклучително и намерната злоупотреба на моето име во таа режирана драма околу конфискацијата на десетици тони медицински канабис, поради наводно несоодветно чување и складирање, напиша поранешниот премиер Зоран Заев на Фејсбук пред точно пет дена.

Доколку не се извинат во законски предвидениот рок, ќе поднесам тужба против Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ. Ќе се борам со сите правни средства да ја симнам оваа дамка од моето име, на крајот напиша Заев во својата објава откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски од партиската говорница го обивни дека е вмешан во бизнисот со мариухана во Македонија како и со нелегалната продажба на истата.

Жестоката реакција на социјалните мрежи на еск-премиерот беше резултат на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ претходниот ден во која Петрушевски го обвини Заев дека соработувал со сопственикот на компанијта.

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев. Фирмата „ЦБД Медплант” во формална сопственост на Христијан Котев, а реална на неговиот татко Тони Котев викан М’гчев, кој е поранешен претседател на ОО Ново Село на СДС и близок по бизнис со Вице Заев и Гидан Колев, во периодот од 30.06.2025 година па се до 11.2025 година, има испорачано 19 тони марихуана према скопската фабрика по документ испорачана количина. Дополнително, утринава од струмичката фирма биле изнесени 21 тон дрога, изјави Петрушевски.

Петрушевски отиде и чекор понатаму и ги обвини директно Зоран Заев и Венко Филипче дека со нивно одобрение е добиена дозволата за одгледување на марихуана за медицински цели.

-Имено, станува збор за фирма која добива одобрение од владата на Зоран Заев и Венко Филипче, за одгледување марихуана за медицински цели во 2020 година. Патем, уште во 2020 година, укажувавме дека лиценците за одгледување на марихуана за медицински цели, се добиваат исклучиво по блискоста со СДС, односно во тоа време со Зоран Заев, Вице Заев и Венко Филипче. Тогаш, владата на Заев и Филипче додели лиценци на 2 фирми, „Еко Енерџи-Космос” од Ново Село и „Лајтинг Лукс” од Струмица, во сопственост на синот на Боро Малборо и Христијан Котев погоре споменатиот. По овие сомнежи и индиции за поврзаност на СДС, Заев и Филипче, бараме ЈО да го истражи случајот, и бараме одговори за случајот со запленетата дрога, дали има вмешаност од страна на Заеви, изјави Петрушевски.

Речиси недела дена подоцна по демантот на Заев, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски се уште нема добиено тужба.

Инфомакс го контактираше Петрушевски со едно едноставно прашање, дали до овој момент има добиено тужба во врска со неговата прес-конференција.

-До овој момент немам добиено никакво известување од надлежна институција за поднесена тужба од Зоран Заев во врска со мојата прес-конференција, накратко одговори Петрушевски.

Прашањето е зошто ако тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ и пратеникот Петрушевски се неточно до овој момен пратеникот нема добиено никакво официјално барање за извинување или пак тужба од страна на екс-премиерот Зоран Заев?

Но тоа не е се, Петрушевски неколку дена подоцна ги обвини Заев и Филипче дека по нивна насока е донесен Правилникот за медицински канабис кој дозволува одгледување на марихуана на нива спротивен на Закон.

-Владата на СДС во 2023 година донела измени на Правилникот за одгледување на канабис за медицински цели кој е во спротивност со законот кој го регулира ова прашање. Во член 2 на овој Правилник, СДС си додале дека канабис може да се одгледува на отворен простор (површина или земјиште), додека во постоечкиот закон и стариот правилник јасно е утврдено дека канабис за медицински цели може да се одгледува само на затворен простор. Со овој подзаконски акт владата на СДС дозволи марихуана за наводни медицински цели да се произведува на нива. Вака произведениот цвет од канабис не ги задоволува ГМП нормите, што значи дека во понатамошниот процес на производство и екстракција, маслото од канабис не може да биде ниту лиценцирано, ниту да се најде во промет за медицински цели за тешко болните пациенти. Овие измени на Правилникот не се случајни, туку истите се направени со умисла, затоа што владата на СДС, на чело со Зоран Заев и Венко Филипче се познати по бизнисот со марихуана, изјави Петрушевски на прес-конференција одржана вчера.

Демант ниту тужба немаше ниту за оваа прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

Во август месец 2022 година МВР повторно најде стотици килограми марихуана овој пат во фирмата Медикал 420 во Битола, но што е најинтересно во 2021 година Владата ѝ ја одзеде лиценцата на седница на која поради судир на интереси не гласаше Заев.

МВР потврди дека дрогата вредна околу 800 илјади евра потекнува од затворена фабрика за канабис со одземена лиценца. Интересно е што на седницата во мај лани, тогашниот премиер Заев не учествувал при одземање на лиценцата и на Медицал 420 и на Пхарма-Битола (двете канабис медицински фабрики кои наместо лекови правеле дрога за продажба), пренесе тогаш Телма.

-Притоа, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, не присуствуваше на седницата на Владата при расправата и одлучувањето по однос на овој материјал и беше изземен, врз основа на одредбите од член 73 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, стои на владиниот сајт за одлуките за одземање на лиценците за проиводство на канабис/коноп.

Членот 73 од Законот за спречување на корупција предвидува „Ако службено лице учествува во расправа на орган или тело во кое се одлучува за работи зa кои тоа или блиско лице има приватен интерес, службеното лице е должно да го пријави постоењето на приватниот интерес и да се изземе пред расправата и одлучувањето, а најдоцна пред почетокот на одлучувањето.“

„Сопствен приватен интерес или на блиско лице“ било причината за неучество на Заев како премиер во одлучување на владата за одземање на лиценци, иако не е наведено конкретно за каков приватен интерес станува збор, иако е познато дека членови на семејството Заеви се инволвирани во повеќе фирми за медицински канабис.

Но, на друга точка на истата владина седница, Заев не се изземал иако било издавана лиценца за одгледување на канабис за медицински цели на фирмата ГРАСС БРОВВНИЕС ДОО експорт-импорт с. Зубовце Врапчиште.

Веројатно директната инволивираност на семјеството Заеви во бизнисот со марихуана е главната причина зошто екс-премиерот Зоран Заев до овој момент нема поднесено тужба против никој на оваа тема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зоран Заев се уште не поднел тужба…

-Јавно барам извинување од пратеникот Петрушевски и…

Новите ДДВ правила ги забавија пратките, Пошта…

„Пошта на Северна Македонија“ информира дека работи…

Трамп: Неуспехот на преговорите би имал трауматски…

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторник изјави…

Кос: ЕУ не смее да добие “тројански…

ЕУ не смее да добие тројански коњ…

МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на…

СВР Велес поднесе кривична пријава против едно…