Зошто нема да се гради проектот кај „Алумина“?

t

Имаме чудна потреба како општество да бараме прогрес, но секогаш кога прогресот е пред нас, истото ова наше општество кое бара прогрес има чуден акутен напад на регрес. Ние всушност сакаме уназадување и стагнација. Се плашиме од новото. Како општество мразиме се што значи промена, бидејќи сме навиканти и уживаме во зачмаеноста и се плашиме од промена, најубаво ни е во нашата зона на комфор од која најлесно си мрчиме дека сакаме да одиме напред.

А, не било отсекогаш така. Македонското општество важеше за авангарда во минатата држава. Бевме прогресивни. Баравме промени, сакавме да бидеме модерни и пред другите. Влијаеше политиката со својата загноена пропаганда, па во рекетарските походи, ја убедуваат јавноста дека тоа што значи модерно, всушност не е добро за нив. Организираат протести, буцкаат „експерти“ да зборуваат против прогресот, сензибилизираат јавност која често и не размислува со своја глава – за потоа таа јавност да ја користат за рекетирање на оние кои сакаат прогрес.

Таков е и случајот со проектот за „Алумина“.

Ајде малку посвесно да размислиме. Сигурно не мислите дека оној змијарник, полуотворена депонија, обрасната со треви и затворена со лимени тараби треба да остане така. Сигурно не мислите дека вака е добро. Дека е убаво. Дека е ок?

Така и мислев.

За вас кои сте прошетале надвор од земјава, сигурно се чудите на „Београд на води“, или на модерната архитектура на Будимпешта, Виена, Прага, Солун, Софија. И сигурно велите „а зошто и кај нас вака не може“? А, може. Само кога треба да се направи, тогаш ве користи политиката за да ве замајува против овие проекти – едноставна е причината. Рекет. Ве користат вас за да изнудат лична корист од инвеститорите.

Но ајде малку за проектот

Се работи за проект кој треба да се реализира на парцела од 42,383 м2. Парцела на поранешната фабрика „Алумина“ која во моментов е ругло на градот.

Но, не треба да се гради на 42,383 м2. Основата за градба е половина од парцелата или ќе се развијат 21,193м2 во висина.

Или, 21,193м2 ќе бидат изградени површини, а 21.190м2 ќе бидат зелени површини. Изградената површина според прикажаното идејно решение ќе биде во висина, а не во ширина, со што пак се обезбедува отворен простор кој нема да пречи на протокот на воздух.
Изградената површина подразбира објекти за домување, како и деловни простории во бизнис центар кој за прв пат ќе го добие Скопје во својата независност од 30 години, сличен токму на проектот „Београд на води“.

Бруто површина во станови и деловни простории е предвидено да изнесува 353,491м2. Или, околу 900 станови во кои е предвидено да живеат околу 3.000 нови станари.

Проектот предвидува три нивоа на подземен паркинг со 3.131 паркинг место, што значи нема паркирање на улици и во партерното уредување. Целокупното сообраќајно решение предвидува движење исклучиво по подземна сообраќајница на ниво -1 со што целосно се ослободува отворен зелен простор за жителите на Карпош. Дополнително, ниво -1 е предвидено да биде и јавен паркинг со 1.015 паркинг места за сите граѓани на Карпош и Скопје.

Освен паркот кој треба да се простира на површина од 21.190м2 предвидени се и социјално рекреативни содржини, плоштади, амфитеатар, игралишта за деца, паркови за миленици, пешачки патеки, трим патеки, одморалишта со урбана опрема и рекреативни содржини.

Дополнително проектот предвидува и изградба на детска градинка по највисоки стандарди која ќе се донира на општина Карпош, а ќе ја користат сите граѓани на општината.

Предвидена е и изградба на пензионерски клуб.

Змијарник или модерен проект

И сега, за што сме?

За проект со кој ќе се оплемени сегашниот змијарник и отворена депонија, со кој градот Скопје ќе влезе во 21.век, каде ќе можеме да ги однесеме гостите од странство, каде што ќе можеме да видиме нешто поразлично, ново.

Што фали на проектот? Зошто да сме против сѐ што означува напредок? Зошто?

Па една Приштина не одмина. Се повеќе Македонци одат на прошетка во главен град на држава која се уште не е целосно официјализирана. Нели е срамота?

А.Митовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто нема да се гради проектот кај…

Имаме чудна потреба како општество да бараме…

Наместо 50 згради на Пуцко, нов мега-парк…

Бетонски монструм од преку 140.000 м2 е…