Објавено на:

ИДФ со предупредување до цивилите во Иран да се евакуираат доколку живеат околу воени објекти

t

Среде операцијата против Иран, израелската војска повика околу 20.000 резервисти, главно во израелските воздухопловни сили, Дирекцијата за разузнавање, Командата на домашниот фронт и израелската морнарица. Ова е покрај околу 50.000 резервисти кои моментално се на должност.

Напади во Катар

По сирените за воздушен напад во земјата, Министерството за одбрана на Катар соопшти дека успешно ги соборило сите ракети што Иран ги испукал кон земјата пред тие да влезат во нејзиниот воздушен простор.

„Имаме целосна способност да ја заштитиме земјата и да се спротивставиме на секоја надворешна закана“, вели катарското министерство, додавајќи дека ситуацијата во Катар е „безбедна и стабилна“. Катарската воздухопловна власт објави привремено затворање на воздушниот простор на земјата.

Бахреин

Иранските државни медиуми потврдија дека со ракети гаѓале американска база во Бахреин. Тасним, полуофицијална новинска агенција, ги потврди лансирањата на социјалните медиуми. Островската нација во Персискиот Залив е дом на седиштето на Централната команда на американските поморски сили и Петтата флота. Претходно утрово таму се слушаа сирени за воздушен напад, а на социјалните медиуми беа пријавени и експлозии.

ИДФ со предупрадување до цивилите во Иран

Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа „итно предупредување“ до Иранците во близина на воената инфраструктура во Иран.

„Итно предупредување до сите во или во близина на објекти што им припаѓаат на иранските воени индустрии и воената инфраструктура низ целиот Иран“, вели портпаролот на персиски јазик, потполковник Камал Пенхаси.

„Вие сте во близина на опасни објекти и интереси. За ваша безбедност и сигурност, ве молиме веднаш да ги евакуирате овие области и да останете подалеку до понатамошно известување. Вашето присуство во овие области го става вашиот живот во опасност“, додава тој.

Пристапот до интернет беше прекинат во Иран во саботата, откако Израел и САД започнаа напади врз Исламската Република, вели мониторот Netblocks. „Податоците од мрежата покажуваат дека Иран сега е во речиси целосен прекин на интернетот“, вели Netblocks на социјалните медиуми, додавајќи дека овој потег „се совпаѓа со мерките што се користеа за време на минатогодишната војна со Израел“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИДФ со предупредување до цивилите во Иран…

Среде операцијата против Иран, израелската војска повика…

ИДФ: Воздухопловните сили моментално спроведуваат обемни напади…

Израелските воздухопловни сили моментално спроведуваат „обемни“ воздушни…

Македонските државјани во Израел да бидат внимателни,…

Во врска со последните информации за влошената…

Нетанјаху вели дека Израел и САД започнале…

Премиерот Бенјамин Нетанјаху објави видео порака на…

Иран возвраќа: Сирени низ Израел, засега нема…

Сирени се слушаат во Тел Авив и…