Извори за ТВ 24: Се истражува колку службеници ќе завршат како обвинети за скандалот со марихуаната
Дали царинските службеници на граничниот премин постапиле согласно процедурите, но и дали комисијата затаила во контролата врз фирмите кои се занимаваат со медицински канабис…. Во истрагата за шверцот на марихуаната од Македонија во Србија се проверува дали имало и институционален пропуст.
Според извори на ТВ 24 вклучени во истрагата, не се исклучува дел од нив да завршат и со кривични пријави.
Министерството за здравство веќе одзема лиценци на шест од проверките кои биле извршени во десет фирми досега. Не се соопштуваат имињата на фирмите ниту пак основите врз кои им се одземени дозволите за работа. Но, од Владата за тв 24 велат дека утре ан седница ќе се официјализира оваа одлука.
Министерство за здравство
„Од досега извршени вонредни инспекциски надзори во десет компании што имаат лиценци за одгледување и производство на канабис за медицински цели, шест се во постапка за одземање на лиценцата, затоа што не ги исполнуваат условите за лиценцирање предвидени во законот за опојни дроги. Во моментот, во интерес на постапката која е се уште во тек, не може да се информира за повеќе детали.
Вонредните контроли по налог на Владата продолжуваат и во други фирми, а се во најава се и измени на регулативите во овој бизнис. Во меѓувреме обвинителството за организиран криминал и корупција отвори истрага против шест лица вмешани во шверцот на марихуаната од Македонија во Србија.
Во големата нарко афера, според обвинителството, повеќе од 8 тони марихуана била набавена од Струмица и во рок од две недели била спакувана во над 200 кутии. Марихуаната била товарена во Свети Николе и била транспортирана преку Табановце во Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извори за ТВ 24: Се истражува колку…
Дали царинските службеници на граничниот премин постапиле…
Груби е во добра здравствена кондиција и…
Од утринава од 9:20 часот ексвицепремиерот и…
Радев: Македонија посакувана членка на ЕУ, но…
Додека во земјава премиерот Мицкоски откри дека…
МНР со апел: Македонските државјани во Мексико…
Поради актуелните безбедносни немири во Мексико, Министерство…
(Видео) Ексклузивна снимка од убиецот во Старо…
До редакцијата на Инфомакс стигнаа видео-снимки од…