Изгоре македонски автобус во Германија – Сопственикот смета дека се работи за местенка

t

Автобус на македонскиот превозник „Метак транс“ во петокот вечерта целосно изгоре во подметнат пожар во германскиот град Билефелд, а сопственикот Станко Цонев се сомнева на нелојалната конкуренција од диви таксисти со комбиња од Македонија.

Од 18 декември почнавме да сообраќаме два пати неделно од Струмица за Билефелд како единствена регуларна автобуска линија од југоисточниот дел на Македонија до Германија. Се сомневам дека ова е одмазда од дивата конкуренција од Македонија, поврзана со корумпирани полицајци и цариници коишто ја штитат – вели Цонев за „Експрес.мк“.

Цонев веќе 11 години се занимава со овој бизнис и од Нова година се вратил со семејството од Италија со намера да работи од Македонија. Има девет автобуси и 15 вработени возачи, повеќето од пропаднатата „Македонија сообраќај“.

Неговата компанија вози и до Италија и сака да се прошири, но, Цонев вели дека тешко ќе успее во тоа, бидејќи како што истакнува, „во нашата држава ништо не функционира“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…

Германската полиција застрела 30-годишна Бугарка – Напаѓала…

30-годишна Бугарка беше застрелана од полицијата откако…

Во пакет на DHL пронајден бел прав…

Најмалку 12 лица се повредени откако во…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…