Израел ќе гради уште 34 нови населби во Западниот Брег
Израелскиот кабинет за безбедност одобри буџет од 1,3 милијарди шекели (над 378 милиони евра) за изградба на 34 нови населби во окупираниот Западен Брег, изјави десничарскиот министер за финансии Безалел Смотрич.
Тој додаде дека ќе бидат одобрени уште 1,75 милијарди шекели (313 милиони евра) за изградба на патишта до новите населби.
Со населбите што треба да се изградат, вкупниот број на израелски населби во Западен Брег
Со планираните населби, нивниот вкупен број, за време на четиригодишен мандат на Смотрич, ќе се искачат на 103.
Смотрич одобрениот буџет го оцени како историска одлука и му се заблагодари на премиерот Бенјамин Нетанјаху за неговата поддршка.
Ја зајакнуваме безбедноста на Државата Израел, ја уништуваме идејата за создавање терористичка држава во срцето на земјата и ја зајакнуваме нашата упориште во татковините Јудеја и Самарија, посочи Смотрич, користејќи го библискиот термин за Западен Брег.
Изминатите месеци зголемено е насилството на доселениците врз Палестинците и нивниот имот. Околу 700.000 израелски доселеници живеат меѓу 2,7 милиони Палестинци на Западниот Брег и Источен Ерусалим.
За Обединети нации, Палестинците и поголем број држави израелските населби се незаконски според меѓународното право и се пречка за постигнување мир.
Смотрич е противник на палестинската државност. Тој е лидер на партијата Религиозен ционизам, чија поддршка доаѓа главно од доселеничките заедници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел ќе гради уште 34 нови населби…
Израелскиот кабинет за безбедност одобри буџет од…
Израел ќе одржи избори на 27 октомври…
Израелскиот парламент соопшти дека земјата ќе одржи…
Делегација од косовски војници пристигна во Израел…
Одборот за мир објавува дека мала делегација…
Американските стелт-ловци Ф-22 го напуштија Израел, на…
Американската војска ги повлече своите најнапредни стелт-борбени…
Трамп очекува Израел да ги повлече своите…
Американскиот претседател Доналд Трамп им рече на…