Објавено на:

Израел ќе се согласи 150.000 луѓе да се вратат во северниот дел на Газа ако се склучи договор

t

Израел на преговорите за прекин на огнот во Газа во Египет, се согласи на отстапки во врска со враќањето на Палестинците на северот од енклавата, но верува дека исламистичката група Хамас не сака да постигне договор, изјавија денеска израелски официјални претставници.

Запознаени со ситуацијата тие рекоа дека по обновувањето на американскиот предлог за примирје, Израел ќе се согласи на враќање на 150.000 Палестинци во северниот дел на Газа без безбедносни проверки.

За возврат, велат тие, Хамас ќе мора да предаде список на жени, постари и болни заложници кои сè уште ги држат живи.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одби да коментира.

Хамас вчера соопшти дека последниот предлог што го предложија египетските и катарските посредници не ги исполнува барањата, но дека дополнително ќе го проучи пред да одговори.

Проценката на Израел е дека Хамас сè уште не сака да постигне договор, изјавија двајцата израелски претставници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„ПОНУДАТА НА ПУТИН ПОВЕЌЕ НЕ ВАЖИ“: Москва…

Мировните предлози на рускиот претседател Владимир Путин…

Поради украинските напади во Белгордската област прогласена…

Во Белгородската област денеска е прогласена вонредна…

Богородичен пост: Најкраток е, но строг- еве…

Богородичниот, односно Успенскиот пост настапува еден месец…

Зеленски вели: Украина контролира 74 населени места…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави…

Системот за менаџирање на кризи ќе подлежи…

Премиерот Христијан Мицкоски вчера информираше дека на…