Имало снег или не, ние плаќаме: Општините даваат милиони за зимско одржување наместо да набават опрема, дел од нив имаат механизација, ама ангажираат приватни фирми
Имало снег или не, ние плаќаме! Општините даваат милиони за зимско одржување наместо да набават опрема, дел од нив имаат механизација и повторно ангажираат приватни компании.
На веб-страницата за јавни набавки стојат десетици договори од речиси сите општини со приватни компании за зимско одржување, односно за чистење на снег во зимски услови.
Така Општина Бутел има склучено договор во вредност од 4.720.000 денари, Аеродром има договор во вредност од 6.681.000 денари, Демир Хисар, Ресен, Врапчиште договори по нешто помалку од милион и пол.



Општина Сопиште пак, изнајмува возила, наместо да набави сопствени.

Општина Сарај има договор за зимско одржување од речиси 6 милиони денари.

Еве и неколку други општини кои имаат договори за зимско одржување.



Речиси сите општини имаат вакви договори, иако дел од нив имаат и сопствена механизација. Инфомакс испрати прашање до сите општини кои, според податоците на ЕСЈН имаат склучено договори за зимско одржување, дали и каква механизција за чистење на снег поседуваат.
Од Општините од кои добивме одговор се гледа дека дел од нив склучуваат вакви договори иако имаат сопствена механизација. Во продолжение општините од кои добивме одговор до овој момент.
ОПШТИНА МАВРОВО И РОСТУШЕ
Општина Маврово и Ростуше, поради географската положба во која се наоѓаат населените
места и ридско планинските предели со патна мрежа повеќе од 100 км, за замско
одржување и расчистување на локалните патишта спроведува јавна набавка, на која се
избира изведувач за истата намена.
Имајќи во предвивд структурата на локалните патишта и високата надморска висина на
населените места и можноста од пооболни врнежи од снег, општината има набавено и
неколку машини како алтернативно решение за помош при случај на пообилни врнежи од
снег.
За оваа намена општината располага со следните машини и опрема:
- Два трактора од марка Mahindra 9200 (Специјално работно возило) година на
производство 2019, целосно опремени со приклучоци за чистење снег (Нож за чистење на
снег и соларник за посолување). - Еден трактор Solis 75 (Специјално работно возило) година на производство 2019, исто
така комплетно подготвен и опремен за зимско одржување и расчистување на снег (Нож
за чистење на снег и соларник за посолување). - Еден голем багер и еден мал багер од марката HIDROMEK 6255 (специјално работно
возили), спремни за интервенции при поголеми наноси и потреби на терен.
ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Ве информираме дека Општина Ѓорче Петров располага со сопствено теренско комунално возило (4×4) наменето за зимско одржување на улици и патишта, особено во руралните средини на општината.
Возилото е опремено со:
- плуг за расчистување снег,
- соларка со капацитет од 1,5 тон за посолување и одржување на коловозите,
што овозможува навремено и ефикасно спроведување на зимската служба на територијата на општината.
Возилото е мултифункционално и овозможува користење и во текот на останатите годишни периоди за транспорт на материјали и извршување различни комунални активности, согласно потребите на Одделението за комунални дејности.
ОПШТИНА АЕРОДРОМ
Општина Аеродром располага со две специјализирани возила за чистење снег и зимско одржување. Дополнително, општината има склучено договор со економски оператор што се ангажира доколку има зголемени врнежи или потреба од дополнителна механизација.
ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР
Во врска со Вашето прашање ве информираме за следново:
1)Општина Демир Хисар не располага со опрема и машини за чистење на снег туку ЈКП Комуналец Демир Хисар (јавно претпријатие формирано од општината) располага со таков тип на опрема.
2) Секоја година Советот на Општина Демир Хисар носи:
-Оперативна програма за организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето на општината,
-Одлука за делегирање на надлежност за зимско одржување на општински патишта и улици за сезоната на ЈКП Комуналец Демир Хисар, претпријатие кое е регистрирано за вршење и на таа дејност,
-Одлука за давање согласност на Ценовникот со спецификација за зимско одржување на локални патишта во Општина Демир Хисар на ЈКП Комуналец Демир Хисар.
3) ЈКП Комуналец Демир Хисар располага со следниве машини и опрема за чистење на снег:
-Камион марка Рено со снежен плуг,
-Трактор марка Махиндра со снежен плуг,
-Скип марка Катерпилар со снежен плуг,
-Скип машина со снежен плуг и
-Трактор марка Тафе со снежен плуг.
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Ве информираме дека Општина Крива Паланка не располага со сопствени машини за чистење на снег. Постапката за зимско одржување на улиците и коловозите се спроведува преку јавна набавка, при што се избира најповолен понудувач. Последните неколку години услугата ја извршува ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка, како најповолен понудувач во рамките на спроведената тендерска постапка.
Дваесетина други општини воопшто не се потрудија да одговорат на нашите прашања, иако се работи за прашање од интерес на граѓаните на нивните општини.
Милиони секоја година се одвојуваат од Буџетите на сите општини за зимско одржување, добар дел од тие договори се наплаќаат дури и да не заврне снег, а за ефикасноста при чистењето на патиштата во зимски услови кога има снег нема да коментираме.
МВР, ОЈО и ДКСК треба да проверат дали одредени општини ги оштетуваат буџетите на Општините склучувајќи вакви договори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Имало снег или не, ние плаќаме: Општините…
Имало снег или не, ние плаќаме! Општините…
Хрватска зафатена од снежно невреме
Во поголемиот дел од Хрватска денеска паѓа…
Силен снег предизвика хаос во Србија, 5.000…
Снегот, што ноќеска падна во Србија, остави…
Падна снег во регионот: Делови од Босна…
Студен бран вчера донесе нагло влошување на…
Снег и паднати дрвја го блокираа патот…
Сообраќајот на регионалниот пат Никифорово – Леуново…