ИМА ЛИ КРАЈ?! Пукање во скопско Волково: Едно лице се бори за живот
Пукање имаше утрово во скопско Волково. Според првичните информации до кои дојде „Скопје1“, станува збор за расправија, по која имало пукање. Две лица се повредени, од кои едното е во потешка состојба и се бори за живот.
„Од страна на едно лице било пукано од огнено оружје кон соседите, има повредени“, велат од МВР за „Скопје1“, посочувајќи дека станува збор за првичните информации.
На лице место има десетици полицајци кои го обезбедуваат местото. Дојдена е и Брза помош.
Детали за настанот засега не се познати. Повеќе детали се очекуваат за подоцна
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Закани кон родителите од Кочани: Не…
Продолжува голготата за родителите на починатите деца…
(Видео) Необична светлина над Шар Планина: Жител…
Жител на Брезовица вчера вечерта забележал и…
Македонија претпоследна во Европа по минимална плата
Според најновите податоци на Евростат, Македонија е…
Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…
Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…
Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…
На денешен ден, 17 јуни, пред точно…