Инвеститорот кој ја предвиде кризата во 2008 година сега предупредува за нов „берзански балон“
Мајкл Бери, инвеститорот кој се прослави со тоа што навреме го препозна ризикот од колапсот на американскиот пазар на недвижности пред финансиската криза во 2008 година, повторно испраќа предупредување до Волстрит. Додека индексот S&P 500 достигнува нови рекордни нивоа, Бери смета дека токму еуфоријата на пазарот може да биде причина за загриженост. Според него, постои можност берзата да се приближува до „голем врв“, по што би можел да следи пад налик на оној од 1987 година- пишува Маркет воч.
Во тогашниот „Црн понеделник“, на 19 октомври 1987 година, Dow Jones за само еден ден се сруши за неверојатни 22,6 проценти – најголемиот еднодневен процентуален пад во неговата историја.
Бери не останува само на предупредувања. Уште во јуни тој откри дека се обложува против акции како Nvidia, Tesla, Caterpillar и Applied Materials, додека подоцна ја зголеми изложеноста кон Nvidia и Micron.
Неговата главна теза е дека огромниот оптимизам околу вештачката интелигенција може да создава преголеми очекувања и превисоки вреднувања. Бери предупредува и на еден парадокс: рекордите можат дополнително да ги привлечат инвеститорите. Кога берзата расте, а нестабилноста е ниска, дел од фондовите и алгоритамските стратегии можат да ја зголемат изложеноста кон акции. Но, доколку трендот нагло се сврти, истиот механизам може да предизвика масовно продавање. Токму овој ризик Бери го поврзува со можноста за остар и брз пад. Неговата најголема мета е бумот на вештачката интелигенција
Во фокусот на Бери е и огромниот капитал што се слева во инфраструктурата за вештачка интелигенција.
Тој смета дека пазарните очекувања во одредени делови од AI-секторот можеби отишле предалеку, особено кога станува збор за вреднувањето на компаниите поврзани со чипови и инфраструктура.
Но, неговото предупредување не значи дека падот е неизбежен. Историјата на берзата покажува дека дури и инвеститори со исклучително успешни прогнози можат да погрешат во одредувањето на моментот кога ќе се случи пресвртот.
Токму ова прашање повторно се поставува на Волстрит. Сега, речиси две децении подоцна, неговиот поглед повторно е насочен кон пазарните екстреми – овојпат кон рекордите на берзата и еуфоријата околу вештачката интелигенција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инвеститорот кој ја предвиде кризата во 2008…
Мајкл Бери, инвеститорот кој се прослави со…
Кршење на примирјето: Израелската армија со нови…
Израелската армија изведе нови воздушни и артилериски…
Пет самоубиства за еден месец во Американската…
Американската сајбер команда започна истрага по серија…
Сообраќајка на магистралата Гостивар – Кичево, повредени…
Во судар на четири автомобили и еден…
Цените на нафтата растат откако Иран постави…
Цените на нафтата денеска пораснаа откако условите…