Индустриското производство во јуни порасна за 6,5 отсто, најсилен раст на преработувачката индустрија

t

Индустриското производство во Македонија во јуни 2026 година е повисоко за 6,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци. Растот главно е поттикнат од силните резултати на преработувачката индустрија, додека рударството и енергетскиот сектор бележат пад. Во секторот преработувачка индустрија е регистриран раст од 7,9 проценти, додека рударството и вадењето камен бележат намалување од 3,8 проценти. Производството во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е намалено за 8,2 проценти во однос на јуни минатата година.

Најголем придонес за растот во преработувачката индустрија имаат производството на пијалаци, тутунски производи, хемикалии и хемиски производи, други неметални минерални производи, метали, фабрикувани метални производи, електрична опрема, моторни возила, приколки и полуприколки, како и производството на мебел.

Според главните индустриски групи, најголем раст е забележан кај интермедијарните производи, без енергија, од 11,7 проценти. Капиталните производи и трајните производи за широка потрошувачка пораснале за по 8,6 проценти, додека нетрајните производи за широка потрошувачка бележат раст од два проценти. Единствен пад е регистриран кај енергијата, каде производството е намалено за 11,1 проценти.

Според статистичките податоци, најголемо влијание врз вкупниот раст на индустриското производство во јуни имале производството на други неметални минерални производи, кое се зголемило за 35,6 проценти, производството на моторни возила, приколки и полуприколки со раст од 15,9 проценти, како и производството на електрична опрема, кое пораснало за 3,8 проценти.

На кумулативно ниво, во периодот јануари – јуни 2026 година, индексот на индустриското производство изнесува 100,9, што значи дека индустриското производство е повисоко за 0,9 проценти во споредба со првата половина од 2025 година. Податоците покажуваат дека и покрај слабите резултати во енергетиката и рударството, домашната индустрија во јуни го задржала позитивниот тренд благодарение на преработувачкиот сектор, кој останува главен двигател на индустрискиот раст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија е единствената земја во регионот која…

Според податоците на Организацијата за храна и…

Пентагон: Ќе го зголемиме производството на артилериски…

Меѓу причините за овој потег е „високата…

Медведев: Руското производство комплетно ги замени странските…

Кога странскиот бизнис ја напушти Русија, претрпе…

Газпром Нефт го зголемува производството за една…

„Газпром Нефт“ планира да го зголеми производството…

Косово забрани производство на криптовалути

Косовската влада забрани производство на криптовалути, изјави…