Инфлацијата е речиси 5 проценти – Мицкоски најавува „внимателни мерки“
Ресторанските услуги се за 25 отсто зголемени во споредба со минатата година, покажала анализата на Владата. Истото важи и за транспортните услуги, а двоцифрено зголемување има и кај овошјето.
„Нашата пракса покажала дека ако ја ограничиме маржата кај одредени производи, во следните месеци таа се прелева и на крајот се нивелира“, рече премиерот Христијан Мицкоски.
Тој рече дека во јули инфлацијата е меѓу 4 и 5 отсто, а тоа е поради услугите.
„Тоа значи дека зголемените плати и пензиите кои номинално се зголемија, прават притисок врз побарувачката. Затоа сме внимателни во делот на носење на мерки“, додаде Мицкоски.
Тој рече дека анализата скоро ќе биде готова и ќе бидат внимателни.
„Се анализираат групи на производи, услуги, за да дојдеме до трајно решение“, посочи тој
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инфлацијата е речиси 5 проценти – Мицкоски…
Ресторанските услуги се за 25 отсто зголемени…
Туск: Европа не сака Русија да излезе…
Соединетите Американски Држави ветија дека ќе се…
Богојески за бранителите: Жалам што не направивме…
На годишнината од убиствата на армиските резервисти…
„Торцидата“ во Сплит запали српско знаме и…
Хрватската пратеничка Далија Орешковиќ го коментираше однесувањето…
ЦУК: Два акитвни пожари, еден под контрола
На ден 11.08.2025 година, до 12:00 часот,…