Ирански проектил погоди катарски танкер со течен гас во Ормутскиот теснец
Катарскиот танкер за течен природен гас „Ал-Рекајат“ е во опасност од експлозија откако во машинскиот простор избувнал пожар по ракетен напад, јавува Ројтерс, повикувајќи се на извор запознаен со инцидентот.
Според информациите, танкерот претрпел значителна штета откако бил погоден додека пловел по оманската страна на Ормутскиот теснец. Ова е прв напад врз катарски танкер за течен природен гас од почетокот на конфликтот кон крајот на февруари.
Изворот наведува дека бродот бил натоварен со течен природен гас и испратил повик за помош откако проектилот погодил во неговата лева страна. Екипажот е безбеден, но машинскиот простор е зафатен од пожар и исполнет со густ чад, што го отежнува утврдувањето на целосниот обем на штетата.
Според податоците за следење на пловилата, танкерот последен пат ја емитувал својата локација на 18 јуни, што укажува дека пловел со исклучен транспондер.
Британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO) претходно соопшти дека танкер бил погоден од непознат проектил околу осум наутички милји источно од Лима во Оман, при што избувнал пожар. Според агенцијата, нема жртви ниту загадување на животната средина.
Ројтерс наведува дека не можел независно да потврди дека токму „Ал-Рекајат“ е еден од двата трговски брода за кои претходно објави Axios, повикувајќи се на американски претставници. Според тој извештај, иранската Револуционерна гарда испукала најмалку два проектили кон комерцијални бродови што пловеле низ Ормутскиот теснец.
Инцидентот дополнително ја зголемува загриженоста за безбедноста на пловидбата низ Ормутскиот теснец – еден од најважните светски поморски коридори, низ кој минува значителен дел од глобалниот извоз на нафта и природен гас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ирански проектил погоди катарски танкер со течен…
Катарскиот танкер за течен природен гас „Ал-Рекајат“…
Продолжен рокот: До 30.000 денари за приклучок…
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини…
(Видео) Трамп: Ги тестирав сојузниците, НАТО многу…
Американскиот претседател Доналд Трамп, кој пристигна во…
Црна Гора воведува инстант плаќања – парите…
Црна Гора е на чекор до воведување…
И Камбовски смета дека дневниците на судиите…
Претседателот на Судскиот совет, Александар Камобовски, ги…