Иран ги понижува САД, кажа Мерц
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Иран ги понижува САД, откако ги натера американските преговарачи да дојдат во Пакистан, а потоа си заминаа без резултати. Тој исто така кажа дека не гледа каква излезна стратегија бараат САД за да ја завршат војната и овие коментари укажуваат на длабоки поделби помеѓу Вашингтон и европските сојузници од НАТО.
„Иранците очигледно се многу вешти во преговорите или поточно, многу вешти во тоа да не преговараат, убедувајќи ги Американците да патуваат до Исламабад, а потоа да си заминат без никаков резултат. Цела нација е понижена од иранското раководство, особено од таканаречената Револуционерна гарда. И затоа се надевам дека ова ќе заврши што е можно побрзо“, рече Мерц.
Доналд Трамп остро ги критикуваше сојузниците од НАТО затоа што не испратија воени бродови да помогнат во отворањето на Ормускиот Теснец. Тој остана практично затворен, предизвикувајќи превирања на пазарот и невидени прекини во снабдувањето со енергенси.
Мерц повтори дека Германците и Европејците не биле консултирани пред САД и Израел да почнат да го напаѓаат Иран на 28 февруари и дека тој го пренел својот скептицизам директно до Трамп потоа.
„Да знаев дека ќе продолжи вака пет или шест недели и дека ќе се влошува прогресивно, ќе му кажев уште понагласено“, рече Мерц, споредувајќи ја сутуацијата со претходните војни на САД во Ирак и Авганистан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран ги понижува САД, кажа Мерц
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Иран…
(Видео) Трамп за Грција мисли дека е…
Доналд Трамп повторно стана предмет на потсмев…
Европската Комисија ја најави Црна Гора како…
Црна Гора е поблиску од кога било…
(Видео) МВР со детали за падот на…
Параглајдер со две лица завршил на пешачка…
Азески: Очекуваме продлабочување на кризата, ако има…
Бизнисот очекува продлабочување на кризата и ако…