Иран: Повеќе од 200 американски војници се убиени, многу повеќе се ранети
Портпаролот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), Хосеин Мохеби, изјави дека Иран ќе „нанесе голем удар на Израел“ доколку земјата продолжи со непријателствата.
Според него, Израел, со охрабрување од американскиот претседател и, како што изјави, со „давање лажни информации“, се обидува да ги задржи САД во регионот и да ги постигне своите цели користејќи ги американските капацитети.„Бројот на убиени Американци во операцијата Наср 2 е повеќе од 200, а бројот на ранети е многу поголем“, рече портпаролот на ИРГЦ.
Мохеби ја повика американската јавност да не биде заведена од она што тој го нарече „лажни команданти“.
„Владата на САД треба да ги покани новинарите да ги видат местата на нападите и да го проценат бројот на убиени луѓе“, додаде тој.
Тврдењата за бројот на американски жртви не се независно потврдени.
– Ако Израел повторно се врати во војна, ние ќе му нанесеме голем удар, рече Мохеби, објави Мехр њуз.
Тој исто така рече дека бројот на убиени американски војници во она што го нарече кршење на договорот надминал 200.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран: Повеќе од 200 американски војници се…
Портпаролот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда…
Мицкоски: Македонија е меѓу државите кои не…
Македонија е меѓу државите кои не добија…
Бугарскиот министер за одбрана: Ако Иран нѐ…
Доколку Иран лансира ракета кон Бугарија, ќе…
Трамп ги паузира нападите врз Иран за…
Американскиот претседател Доналд Трамп ги паузираше нападите…
Саудиска Арабија ги нападна Хутите, САД нападнаа…
Саудиска Арабија започна воздушни напади врз Хутите…