Иран со дрзок одговор за нуклеарните преговори: Колку е “поголема” војлата на Амриканците, толку сме подалеку од решение

Успехот на нуклеарните преговори во Виена зависи од подготвеноста на западните страни да постигнат договор, изјави во понеделникот на печатот портпарол на иранското Министерство за надворешни работи.
„Нашето растојание од договорот е обратно пропорционално со волјата на западната и американската страна. Колку е поголема волјата на Американците, толку е помала нашата оддалеченост од постигнување договор“, изјави Саид Хатибзаде.
Тој тврдеше дека Иран пред многу години донел политичка одлука да го почитува нуклеарниот договор од времето на Обама, но инсистираше на тоа дека Западот е тој што го напуштил пактот и затоа Западот е тој што треба да одговори на иницијативите на Техеран. Хатибзадех рече дека преговорите во Виена не дошле во ќорсокак, без да даде дополнителни детали.
Говорејќи во петокот, иранскиот претседател Ебрахим Раиси рече дека Иран никогаш немал надеж за разговорите во Виена. „Ние се надеваме на исток, запад, север, југ од нашата земја и никогаш немаме надеж во Виена и Њујорк“, рече Раиси.
Преговарачите се вратија во австриската престолнина кон крајот на 2021 година во обид да ги вратат Иран и САД во согласност со условите од нуклеарниот договор, за кој преговараше администрацијата на Обама во 2015 година. Страните се согласија на сеопфатен надворешен надзор на цивилната нуклеарна програма на Иран во размена за ублажување на санкциите.
Заедничкиот сеопфатен акционен план (JCPOA) го потпишаа Иран, САД, Велика Британија, Кина, Франција, Германија и Русија.
Меѓутоа, поранешниот американски претседател Доналд Трамп еднострано се повлече од договорот во мај 2018 година и воведе дополнителни санкции против Техеран. Односите меѓу Иран и САД не се подобрија за време на администрацијата на Бајден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: САД мора да го имаат Гренланд,…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска им рече…
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…
САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија…
САД го поздравија успешниот крај на преговорите…