Исмаил до Филипче: „Кој фронт го нудите – истиот од 2016 година?

t

Потпретседателот на Левица и пратеник, Реџеп Исмаил со со жестока реакција му одговори на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, откако тој повторно изнесе обвинувања дека Левица била финансирана од ВМРО-ДПМНЕ. Исмаил оцени дека ваквите тврдења се контрадикторни и го критикуваше негопвиот повик за „ обединетфронт“, потсетувајќи на политичките случувања од 2016 година кога СДСМ ги разочара граѓаните со нивното владеење потоа.

Филипче пак денес правел прес, каде, меѓу другото, пак дробел дека Левица била финансирана од ДПМЕ. Дечко, дај бе олабави, заборави дека до пред скоро, ВМРО викаше дека сме финансирани од шефот ти Заев, односно СДСМ? И да, ова го кажал оти не сме се одзвале на “повикот” за “фронтот”!? Кој црн фронт бре, оној како од 2016 та со Мијалков што го направивте..?

Башка брат, сте си ги виделе ли трезвено пресовите и целото ви обраќање – ко да се обраќате на амбасадори и евро-комесари и слични странски емисари а не на жители на Македонија, кои, да ве потсетам – за разлика од првите кои немаат право на глас – овие гласаат на избори, тие го даваат легитимитетот а не странските емисари!

Па пуштил таму некој од советниците на Скопје на некој поткаст да дрдна нешто дека поддржувачите на Левица повеќе не биле глупи и гледале дека двајца тројца од Левица купувале дуќани а дека они (како симпатизери и активисти на Левица) биле сиромашни…по нешто таму црешите во ЕУ биле поевтини од Македонија, ај што заборава дека СДСМ, за разлика од Левица, имала удел во власта која ги произвела околностите кои не ни знае да ги опише, ама дечко бе, ти ли збориш за имот на раководство на друга партија; ти, чиј лидер има златна виза и имот у Дубаи, лидер кој на “поклон” добива Ауди џип, напиша Исмаил на својот Фејсбук профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Институциите вршат притисок врз градоначалниците од…

„Имаме 17 градоначалници и сите можни инспекции…

Филипче: За прв пат после 50 години…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, денеска…

Шести април нов датум за реизбор на…

Според најавите, ќе се дебатираат актуелните политички…

(Видео) Филипче се збогyвaше од функциjaта –…

Досегашниот министер за здравство Венко Филипче во…

Филипче: Успешно извршена операција врз млада пациентка…

„Утрово успешно извршивме операција врз млада пациентка,…