Историска одлука за Скопје: Нема сечење зеленило без да знаат граѓаните

Во Скопје повеќе нема да може да се сече, корне, кастри зеленило без знаење на граѓаните.
Советот на Град Скопје го усвои предлогот на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД за јавно објавување на решенијата за интервенција врз зеленило и со тоа донесе историска одлука за Скопје.
Со донесувањето на ваква одлука сите решенија што Град Скопје ги издава за интервенција врз зеленило ќе бидат јавно објавувани заедно со записниците на денот на нивното издавање. Решенијата нема да стануваат правосилни додека не истече законски утврдениот рок за жалба и не поминат процесите на обжалување, споделија од ЗХГ на социјалните мрежи.
„Ова е огромен напредок во заштитата на зеленилото во Скопје и во овозможувањето пристап до правда за граѓаните со цел заштита и унапредување на животната средина и природата“, велат од ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД и додаваат дека за нивниот предлог гласале 28 советници од сите советнички групи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во среда ќе нема струја од 4…
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре…
Хидранти нема ни во Совет на Општина…
Кумановските советници не дај Боже ќе изгорат…
(Фото) Тешка сообраќајна несреќа во Топанско Поле!
Тешка сообраќајна несреќа доцна вечерва се случи…
Во 59 минута најтажниот громогласен аплауз во…
На почетокот од 59. минута од вечерашниот…
Селективна правда втор дел? Зошто актуелни функционери…
Фејсбук страницата Bella Ciao продолжи да ги…