Италијанската премиерка Мелони ги нарече антиолимписките демонстранти “непријатели на Италија“

t

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска ги осуди демонстрантите против Зимските олимписки игри како „непријатели на Италија“ по судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Милано, еден од двата града домаќини на ЗОИ, и наводните саботажи на железничката мрежа во близина на Болоња во централна Италија, објавија британските медиуми.

Инцидентите се случија на првиот ден од натпреварите на Зимските олимписки игри, чиј домаќин е Милано, финансискиот главен град на Италија, заедно со алпскиот град Кортина.

Мелони ги пофали илјадниците Италијанци за кои рече дека работат на обезбедување непречено одвивање на Игрите и ја покажуваат позитивната страна на Италија.

„Постојат и оние кои се непријатели на Италија и Италијанците, демонстрираат против Олимписките игри и се грижат овие слики да се емитуваат на телевизиските екрани низ целиот свет. Откако други ги пресекоа железничките кабли за да спречат заминување на возовите“, напиша утринава Мелони на Инстаграм.

„Уште еднаш, ја изразувам мојата солидарност со полицијата, Милано и сите оние чија работа ќе биде нарушена од овие криминални банди“, додаде италијанската премиерка, која ја предводи десничарската коалиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италијанската премиерка Мелони ги нарече антиолимписките демонстранти…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска ги осуди…

Четири лица загинаа во серија лавини на…

Четири лица загинаа, а неколку се повредени…

Жестоки протести против Зимските олимписки игри во…

Илјадници луѓе се собраа во Милано во…

Уште еден демонстрант се извини: „Од стрес,…

По вчерашните извинувања од демонстрантите кои упатија…

Драги: „Европа ризикува да стане подредена, поделена…

„Европа ризикува да стане подредена, поделена и…