Италијанците го нападнаа Ѓоковиќ: Те чекаме во Рим, мал човеку!

Иако до Мастерсот во Рим има уште безмалку три месеци, атмосферата се загрева уште сега, а во центарот на вниманието е Новак Ѓоковиќ.
На тој турнир се очекува враќањето на Јаник Синер по тримесечната суспензија поради допинг, но неговите фанови се повеќе фокусирани на тоа да му приредат пеколен пречек на српскиот тенисер. Причината за тоа е изјавата на Ѓоковиќ од пред почетокот на турнирот во Доха каде зборуваше за суспензијата, односно допинг скандалот во кој беше вклучен Синер.
„Имаме ситуации, некој врвен играч да може да си ги дозволи најдобрите адвокати и со тоа да има подобар пристап до ресурсите со што би се изборил за подобар исход во ваков случај, отколку што некој што не може да си го дозволи тоа. ВАДА постојано потенцира дека секој случај е поинаков. Синер ги доставил своите материјали за шест часа бидејќи има подобар третман, а други не можат да го направат тоа“, изјави тогаш Ѓоковиќ.
На Италијанците не им се допаднало ова, па на социјалните мрежи остро го нападнаа српскиот тенисер, испраќајќи му дури и закани. Под неговата објава со Вердаско на Инстаграм го нарекуваат „мал човек“ и му се закануваат дека „го чекаат во Рим каде ќе биде ‘награден’ за се со вистинска мерка“.
Ѓоковиќ е шесткратен освојувач на титулата во Рим, а дури 12 пати играше во финале. Последен пат триумфираше во 2022 година кога во мечот за пехарот го совлада Стефанос Циципас со 2-0.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Притвор за лицата кои држеа мигранти во…
Вечерва судијата на претходна постапка при Основен…
Натпреварот Македонија – Велс почна со минута…
Вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ –…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
На Хрватска и се потребни 70 илјади…
На Хрватска годинава ќе ѝ бидат потребни…
СДСМ: Дали актуелните командири, инспектори и раководството…
„Скандалозно е ова што го прави власта.…