Италија ги затвора границите со Шпанија на пристаништата и на аеродромите
Италијанското Министерство за внатрешни работи донесе одлука за привремено затворање на граничните премини со Шпанија преку аеродромите и пристаништата, објави италијанската новинска агенција АНСА.
Одлуката е донесена поради масовниот прилив на мигранти во шпанската енклава Сеута. Засега не е соопштено колку долго ќе биде во сила мерката, ниту на кој начин ќе се спроведува во пракса.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони потврди дека владата одлучила привремено да го ограничи влезот од Шпанија, нагласувајќи дека станува збор за мерка насочена кон заштита на националната безбедност.
„Мерката ќе остане во сила онолку долго колку што ќе биде потребно, но ќе направиме сè за нејзината примена да има што е можно помало влијание врз патувањата и туристичкиот сообраќај“, изјави Мелони.
Надлежните институции најавија дека во наредниот период ќе објават повеќе детали за начинот на кој ќе се применуваат новите ограничувања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Италија ги затвора границите со Шпанија на…
Италијанското Министерство за внатрешни работи донесе одлука…
Шпанија тврди дека 37.500 мигранти доброволно се…
Шпанија денес објави дека во голема мера…
Пилот уапсен веднаш по слетување во Џакарта:…
Индонезиските власти уапсија пилот на авиокомпанијата „Малезија…
Српскиот премиер во Охрид на средба со…
Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во Охрид остварил…
Иран: Сообраќајот низ Ормутскиот теснец не е…
Иранската Управа за управување со пловните патишта…