ИЈЗ: Секој што имал тешка алергиска реакција откако примил вакцина не треба да добие втора доза

t

Ретко можат да се појават несакани ефекти по примањето на која било од достапните вакцини за КОВИД-19. Според ИЈЗ, доколку се појави текшка алергиска реакција откако се примила вакцината, не треба да се добие втора доза од Модерна или Фазјер.

Некои луѓе имаат несакани ефекти од вакцината, што се нормални знаци дека нивното тело гради заштита. Овие несакани ефекти можат да влијаат на нивната способност да вршат секојдневни активности, но тие треба да исчезнат за неколку дена. Некои луѓе немаат несакани ефекти, а алергиските реакции се ретки. Несаканите ефакти кои можат да предизвикаат долгорочен здравствен проблем се крајно невообичаени по каква било вакцинација, вклучително и вакцинација против КОВИД-19. Ако се појават негативни ефекти, тие вообичаено се случуваат во рок од 6 недели од примање на доза на вакцина. Вообичаени несакани ефекти: се болка црвенило, оток, замор, главоболка, треска, гадење и мускулна болка. Тешки алергиски реакции по вакцинацијата со КОВИД-19 се ретки, скоро и да ги нема. Секој што имал тешка алергиска реакција откако примил вакцина против КОВИД-19 не треба да добие втора доза од која било од вакцините mRNA КОВИД -19 (Moderna или Pfizer-BioNTech), соопштува  ИЈЗ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Ковид-тестови во приватните лаборатории граѓаните платиле…

Главиот државен ревизор, Максим Ацевски во гостување…

Никој веќе не се вакцинира: Бугарија уништува…

Бугарија уништува големи количини на  вакцини со…

Кина го демантира ФБИ: Ковид-19 не излезе…

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи,…

И сега што правиме? ФБИ вели коронавирусот…

Американското Министерство за енергетика го ревидираше своето…

Добра вест: Ковид-прекршителите ќе добијат условна наместо…

Добра вест за луѓето кои имаат прекршоци…