Објавено на:

И бугарското МНР ни го честиташе Илинден: Убедени сме дека и во индина ќе работиме на развој на добрососедските односи

t

Срдечна благодарност за искрените честитки од нашите колеги во Софија. Постигнавме многу во изминатиот период, создавајќи цврста платформа за натамошен развој, остануваме посветени да ги јакнеме меѓусебните врски и да ги негуваме добрососедските односи, реагираат од нашето МНР на бугарската честитка.

Министерството за надворешни работи на Бугарија предмалку на Твитер упати честитки до граѓаните на Македонија по повод државниот празник – 2 Август, Илинден.

„Искрени честитки до Република Северна Македонија и нејзините граѓани по повод нивниот национален празник – 2 август. Уверени сме дека и во иднина ќе продолжиме со добра волја и политичка храброст да работиме за развој на добрососедските односи“, се вели во честитката.

Од нашето Министерство за надворешни работи, исто така на Твитер, се заблагодарија на честитиката.

„Срдечна благодарност за искрените честитки од нашите колеги во Софија. Постигнавме многу во изминатиот период, создавајќи цврста платформа за натамошен развој; остануваме посветени да ги јакнеме меѓусебните врски и да ги негуваме добрососедските односи“, се вели во реакцијата од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе преземе ли некој нешто?! Никнува нов…

На 7 октомври во Охрид ќе се…

Егзодус на работна сила: Намален бројот на…

Бројот на работниците во индустријата во периодот…

Пендаровски на средба со албански пратеници: Односите…

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на…

“Најмногу не сакаат”: Од земјите од регионот…

Стејт департментот соопшти повеќе од две милијарди…

Ни колку на попис ги нема, а…

Вкупно 181 граѓанин на Македонија се пријавени…