И Ковачевски телефонски разговараше со Шоле за стратешкото партнерство со САД во борбата против корупцијата
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, синоќа разговараше телефонски со Дерек Шоле, советник на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.
На телефонскиот разговор учествуваа и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска, и амбасадорката на САД, Ангела Агелер, соопшти владината прес-служба.
Разговорот беше со фокус на стратешкото партнерство на Македонија и САД и идната соработка и поддршка која ја имаме во насока на остварувањето на нашите стратешки цели. Се раговараше и на повеќе теми како што е справувањето на Владата со енергетската криза, но и за инфраструктурните и енергетски проекти за кои Македонија ќе има силна поддршка од САД.
Меѓу останатото, тема на разговорот беше и развојот на Македонија во делот на борбата против корупцијата и унапредување на владеењето на правото.
На разговорот беше изразено взаемо задоволство од текот на скрининг процесот, а се разговараше и за забрзаната евроинтеграција на земјата како приоритетна стратешка цел на Македонија, а со фокус на реформските процеси кои се случуваат како резултат на истата, соопшти прес-службата на Владата.
Синоќа телефонски со Шоле разговараше и претседателот Стево Пендаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пациентка со рак на бели дробови се…
Рак на белите дробови во 4-ти стадиум…
Големи пожари беснеат кај Прилеп и Новаци
Центарот за управување со кризи информира дека…
Петровска кон Мицкоски: Среќна нова 1949 година!
Премиерот Христијан Мицкоски попладнево на социјалните мрежи…
Маск го повтори своето несогласување со законот…
Американскиот милијардер Илон Маск го повтори своето…
Трамп застана зад Нетанјаху за судењето: „Пуштете…
Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата остро…