И натаму хаос во Гостивар: „Комуналец“ вели водата е безбедна, АХВ ја забрани

t

И понатаму владее хаос со водата во Гостивар, откако локалното комунално претпријатие соопшти дека таа е безбедна за пиење, додека Агенцијата за храна и ветеринарство ја задржа забраната за употреба до добивањето нови лабораториски резултати.

Според порталот Актуале, од Јавното претпријатие „Комуналец“ – Гостивар информирале дека последните три анализи на водата покажале оти таа е безбедна за пиење. Од претпријатието ги повикале граѓаните да останат смирени и најавиле објавување на новите резултати.

Сепак, Агенцијата за храна и ветеринарство воведе времена забрана за користење на водата за пиење, сè додека надлежните институции не потврдат дека таа е здравствено безбедна.

Полицијата, Обвинителството и инспекциските служби излегоа на терен кај Вруток, каде што локацијата беше обезбедена по сомнежите дека вода од несоодветен извор била внесувана во системот за водоснабдување.

Од повеќе места биле земени мостри за лабораториско испитување, а истрагата треба да утврди од каде потекнувала водата, колку долго била внесувана во цевководот и кој е одговорен за поставената опрема.

Надлежните треба да извршат и техничко вештачење на пумпата и на водоводниот систем, како и да ја проверат документацијата на институциите и јавните претпријатија што управуваат со водоснабдувањето.

Додека „Комуналец“ се повикува на претходните анализи, државната институција задолжена за безбедноста на храната и водата останува на ставот дека забраната треба да важи до добивањето конечни и официјални резултати.

До тогаш, граѓаните на Гостивар и натаму добиваат две спротивставени пораки за најважното прашање – дали водата што тече од нивните чешми е безбедна за пиење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И натаму хаос во Гостивар: „Комуналец“ вели…

И понатаму владее хаос со водата во…

Кој е Енди Барнам, новиот лидер на…

Енди Барнам денес официјално беше именуван за…

Притвор за сопругот на Димитровска која наплаќаше…

Откако Стојна Димитровска најави на социјалните мрежи…

Уапсен маж во Унгарија: Бркал 22 годишна…

Педесетгодишен маж е уапсен во Унгарија откако…

Министерот за одбрана на САД објави видео…

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет објави…