Објавено на:

И покрај загубената титула: Рајковиќ останува тренер на ЦСКА Москва!

t

Најдобриот македонски кошаркарски тренер во моментов, Емил Рајковиќ и покрај загубената титула во ВТБ-лигата и следната сезона ќе ја предводи големата ЦСКА Москва, соопштуваат денеска медиумите од Русија.

Според нив, „црвеноармејците“ имаа можност летово да го раскинат двегодишниот договор кој Македонецот го потпиша лани и тоа со плаќање на мала отштета, но решија да го задржат и да му дадат шанса да продолжи со добрата работа, без разлика што таа овој пат не донесе шампионска круна. Убедливата победа над Зенит (4-1) во серијата за бронзениот медал во регионалната лига се покажа како доволна причина Рајковиќ да добие втора шанса од управата на ЦСКА.

Во меѓувреме, многумина веќе сметаа дека неговото заминување од Москва е завршена работа, па тој веќе беше сметан за најсериозен кандидат за преземање на кормилото на друг руски тим и тоа на Енисеј. Но, московјани не сакаа предвреме да кренат раце од 44-годишниот македонски стратег, кој речиси сигурно и следната сезона нема да има можност да ја предводи ЦСКА во Евролигата, која останува затворена за руските екипи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се најголемите донатори на Трамп?

На веб-страницата Open Secrets ја најдовме актуелната…

Скопјанец агресивно се однесувал и упатувал закани…

На 20.07.2024 во Скопје, полициски службеници од…

КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска го славиме Св.…

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска…

Хороскоп за понеделник (22 јули)

ОВЕН Денеска во неколку наврати ќе треба…

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Роден е Александар Македонски…

На денешен ден 22 јули (според некои…