И по петти обид Италија не избра Претседател – Ќе се гласа и по шести пат

t

Пратениците во италијанскиот парламент не успеале ни во петтото гласање по ред да изберат нов претседател.

Алијансата која ја сочинуваат Напред Италија, Лига и Италијански браќа на своите пратеници им порачала да гласаат за претседателот на Сенатот, Елизабета Каселати и да не бараат компромисен кандидат.

Овој потег предизвикал несогласувања меѓу пратениците на левиот центар и Каселати добила само 382 гласа од 1.009 пратеници и регионални претставници, што е далеку под неопходните 505 за да стане нов шеф на државата.

Пратениците безуспешно гласаат од почетокот на седмицата за да изберат наследник на функцијата на претседателот Серџо Матарела.

Новата рунда ќе се одржи нешто подоцна и понатаму ќе се одржуваат по две гласања дневно до конечниот избор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БРАВО: Италија отвара Музеј на Холокаустот во…

Музеј посветен на сеќавањето на Холокаустот постои…

Макрон “преживеа”: Не успеа гласањето недоверба во…

Француската влада денеска со мало мнозинство го…

Арсовска на средба со италијанскиот амбасадор: Продолжуваме…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска…

Капетан во италијанската морнарица осуден на 30…

Капетан на италијанската морнарица е осуден на…

(Видео) Судир на воени авиони: Двајца пилоти…

Двајца пилоти на воената авијација загинаа во…