И Стојанче ја пријавувал Ивана за семејно насилство: Обвинителката продолжи со презентирање на аудио фајлови
Обвинителката Адела Бојчевиќ во продолжението на рочиштето против Стојанче Јовановски презентираше 9 фајлови кои се однесуваат на пријави на бројот 112. Пријавители освен мајката на Стојанче и покојната Ивана се и самиот Стојанче, мајката на Ивана, како и други граѓани кои пријавиле малтретирање и тепање. Обвинителката најави дека ќе ги презентира хронолошки.
„Првиот запис е од 29.6.2025 година во 21.20 часот. Пријавител е Ивана Јовановска. Се слуша како Ивана, многу вознемирена, со викање се јавува на 192 и вели дека сака да го пријави нејзиниот сопруг кој ја тепа. По гласот се слуша дека е многу вознемирена. Објаснува дека се наоѓа во Чаир, не ја знае адресата каде е, а сопругот не ѝ ја кажува адресата. Бара да ја најдат по локацијата на телефонот. Операторот ја упатува по локација да се јави на 112. Во позадина се слуша друг женски глас кој вика по Ивана“, рече обвинителката и го пушти аудиозаписот.
Следниот презентиран аудио запис е од 29.8.2025 година во 13.53 часот. Пријавител е Љубица Стојановска, мајката на Ивана.
„Се слуша Љубица Стојановска, мајката на Ивана, со трепет во гласот и вознемирена, се јавува во полиција и пријавува дека ќерка ѝ Ивана е во бракоразводна постапка и има мака. Кажува дека Ивана отишла во станот да земе некои работи и дека таму бил сопругот Стојанче. Пријавува галама и дека Стојанче ја тепа. Додава дека не му е прв пат да ја тепа Ивана. Ја дава адресата на станот, улица Теодосиј Голаганов, ама не се сеќава на бројот на зградата и вели 59. Објаснува дека е бела зграда на 6. кат. Му вели на операторот дека и на 19-20 јануари во 1 часот ноќе комшиите пријавиле малтретирање. Му вели на операторот дека не може да ја добие Ивана и е загрижена. За цело време пријавителката Љубица е многу вознемирена и плаче, тешко зборува и се издишува и неколку пати повторува дека не му е прв пат на Стојанче да ја тепа нејзината ќерка“, рече обвинителката и ја пушти аудио снимката.
Се презентираше и аудио запис од светокот Ивана Белчева. Записот е од 19.12.2025 година во 13.02 часот.
„Се јавува пријавителката на 192 видно вознемирена, со трепет во гласот. Вели дека е кај „Тинекс“ во паркот кај вовчето во Ѓорче Петров.Вели дека маж и жена кои не ги познава се тепаат пред детето. Пријавителката вели дека го зела детето во раце за да не гледа, ама тие го зеле и сакале да си одат. Вели дека таткото ја тепа мајката пред детето. Ги моли полицајците што побрзо да дојдат“, рече обвинителката и го пушти аудио записот од пријавата.
Обвинителката презентираше и фајл во кој пријавител е мајката на Стојанче, Цветанка Јовановска, од 20.12.2025 година, 19.05 часот.
„Овде цело време се слуша Катја како гласно плаче. Пријавител е женско лице кое тешко дише, како да собира сила. Цветанка пријавува дека настанот се случува на Теодосиј Гологанов 96. Во позадина се слуша плачењето на Катја што е толку гласно што Цветанка не се слуша што зборува. Катја силно плаче и вели „ќе ја убие мама“. На прашање на операторот што има таму, Цветанка одговара обид за убиство. Катја го засилува плачот и викањето и со силен глас вика „татко ми ќе ја убие мајка ми“. Цветанка пријавува дека детето е многу потресено и го зела детето со себе. Додава дека и детето е тепано, удирано. Катја низ плач вели „и мене ме удри и мене ме удри“, рече обвинителката и го пушти вознемирувачкиот аудио запис.
По оваа снимка, стана обвинетиот Стојанче Јовановски и дофрли нешто, а судијата го опомена да не дофрла. Обвинителката потоа продолжи со изведување аудио запис. Овој пат, пријавител е обвинетиот Јовановски. Записот е од 10.2.2026 година, 17.03 часот.
„Се слуша како Стојанче ја пријавува Ивана за семејно насилство. Пријавува дека неговата жена го малтерира и не го пушта од дома. Пријавува дека Ивана му се заканува дека ќе го тепа и дека самата ќе се претепа. Вели дека настанот се случува во станот каде живеат. Му кажува на операторот дека Ивана и претходно го удирала неколку пати, ама досега не ја пријавувал. Додава дека е во тек постапка за развод и дека сè уште живеат заедно“, вели обвинителката.
Следниот прикажан ауди фајл беше од критичниот ден, наутро, на 2.3.2026 година, а пријавител е Ивана Јовановска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Стојанче ја пријавувал Ивана за семејно…
Обвинителката Адела Бојчевиќ во продолжението на рочиштето…
„Сопругот чува дрога во мојот стан“: Ивана…
Сега починатата Ивана Јовановска на бројот 112 го…
Мајката на Стојанче си го пријавувала синот…
Обвинителството изведува материјални докази против обвинетиот Стојанче…
Асанов, осомничен за убиство на 79 годишната…
Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судењето…
Стојанче до сведокот Саздов: „Дали со Ивана…
Стојанче Јовановски кој е обвинет за наведување…