Кавадарчанка измамена за за 180.000 денари – сограѓанка и предложила да започнат заеднички бизнис, но никогаш не се реализирал

t

Дваесет и осумгодишна жителка на Кавадарци пријавила во Одделението за внатрешни работи Кавадарци дека била измамена за износ од 180.000 денари.

Според пријавеното, женско лице од Кавадарци ѝ предложило да започнат сопствен бизнис, по што оштетената лично ѝ ги предала парите „на рака“. Договорената деловна активност, како што навела во пријавата, не била реализирана, ниту пак средствата ѝ биле вратени.

Надлежните институции преземаат мерки и активности за целосно расчистување на настанот и утврдување на сите околности поврзани со случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лажен инспектор измамил старица за над 124.000…

На 25.01.2026 година, СВР Битола, во координација…

Тетовчанка платила 14.000 евра за стан во…

На 15.09.2025 околу 17:15 часот во СВР…

Приведени двајца дилери на кокаин од Прилеп…

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Гевгелија,…

Хрватка се претставувала како директорка на банка,…

51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…